Реклама
BEAUTYНега и здравје

Магдонос – здрав зачин кој ви нуди многу користи

Реклама

Магдоносот е многу лековите и со векови се користи токму поради своите исцелувачки својства. Содржи висока концентрација на хлорофил кој ги уништува бактериите во устата, а кои се развиваат после оброците. Најчесто се користи како зачин или како декорација за главни јадења, но без оглед на кој начин го консумирате, важно е да знаете дека има особено богати лековити својства.

ФОТО: bbcgoodfood.com

Лек за бубрези

Со оглед на тоа дека е богат со антиоксиданси и витамини, магдоносот природно помага за чистење на бубрезите и придонесува за нивно нормално функционрирање. Со векови се користел како диуретик за проблеми со бубрежни камчиња, камења во жолчка и инфекции на мочниот систем.

Богат е со витамини А и Ц

Магдоносот е богат со витамини А и Ц. Тој содржи една четвртина од потребните дневни дози на витамин Ц, а од неколку гранкички магдонос кожата и косата ќе ви бидат поздрави, а имунолошкиот систем подобар.

Маркетинг

За поздрави коски

Поради големите количини на витамин К и калциум, магдоносот придонесува за поздрави коски. Ја превенира остеопорозата и го намалува ризикот од фрактура на коските.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button