Мафините со тиквички се одлична ужина или вечера, а исто така и пријатно изненадување за вашите гости. Тие се здрави и нискокалорични, така што можете да ги јадете без грижа на совеста, дури и ако сте на диета и внимавате на исхраната.
Здравата храна може да биде многу вкусна и интересна. Ова е еден одличен пример за тоа.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 2 тиквички
– 2 јајца
– 200g свежо сирење
– 1 лажица јогурт
– 100g овесно брашно
– 50g палента
– половина ќесичка прашок за пециво
– сол, бибер, оригано, зачини по желба
ПОДГОТОВКА:
Излупете ги и изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги да отстојат 10 минути.
Направете смеса од јајцата, сирењето, јогуртот и полека додадете го брашното измешано со прашокот за пециво. Додадете ги тиквичките и на крај зачините по желба. Убаво измешајте да добиете воедначена смеса.
Наполнете го калапот за мафини со смесата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Печете триесетина минути додека не добијат убава златна боја.
Извор: Fit-team