Денес ви прикажуваме еден едноставен рецепт за десерт во кој ќе ужива целото ваше семејство.
Потребни состојки:
- 180 грама брашно
- 150 грама шеќер
- Половина лажичка сол
- 2 лажички прашок за пециво
- 80 милилитри сончогледово масло
- 1 јајце
- 120 милилитри млеко
- 180 грама насечкани јагоди
Потребни состојки за глазура:
- 120 грама шеќер во прав
- 2 лажички млеко
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а потоа подмачкајте го со путер калапот за мафини. Во еден сад измешајте брашно, шеќер, сол и прашок за пециво, па оставете ја смесата на страна. Зејтинот, јајцето и млекото измешајте ги во друг сад, а потоа додајте ги во првиот сад со брашно, па сето тоа добро промешајте го.
Кога ќе се соединат сите состојки, промашјте и додајте ги јагодите, па добро промешајте повторно. Ставете го тестото во калапот за мафини и печете околу 12 до 14 минути. Кога ќе се испечат, оставете ги малку да се оладат пред да ги извадите. Во мал сад измешајте шеќер во прав и млеко, додека не исчезнат грутчињата. Кога ќе се оладат мафините, лесно премачкајте ги со глазурата и уживајте во нивниот неверојатен вкус.