Реклама
Култура[тор]

По гледањето на „Хобитот“, гледачите од киното си отишле со мачнина

Реклама

Долгоочекуваниот хит на Питер Џексон, ’Хобитот‘ (“The Hobbit”), многу обожаватели ги оставил во несвест…

И тоа буквално, затоа што од пребрзите измени на сцените и пререалните специјални ефекти, од киното излегле со мигрена, вртоглавица и чувство на мачнина и тегобност.

Маркетинг

Ова и не треба да не изненадува и чуди, доколку знаете (а ако не, сега на тоа ние ќе ве научиме) дека Џексон во создавањето на новиов хит се служеше со некои тотално иновативни решенија. Снимаше во техника на 48 фотографии во секунда, што му доаѓа двојно од вообичаените 24, како и во 3D технологија која што на гледачите им остава доем на синхронизирано движење на ликовите.

alt

Маркетинг

Моите очи тоа на можат да го поднесат, добив мигрена“, се пожалил еден од љубителите на Средоземјето, кој што на новозеландската премиера отишол со лет од Австралија. И нему му засметале специјалните ефекти. Иско повеќето обожаватели се сложиле дека „Хобитот“ е интересен и импресивен, многумина за тегобните реакции за време на гледањето прозбориле на Twitter. 

Ова не е за слаби. Поради ваквите сцени, ќе ви излезат очите од главата“, напишал еден обожавател, додека друг пак утврдил дека крупните кадри се ’премногу интензивно доживување кои не може а да не предизвика мачнина‘.

Дали после овие реакции некои ќе се предомислат околу одењето на кино, ќе покаже времето. Но секако редовите пред благајните во пресрет на проекциите и понатаму не се намалуваат.

Што се однесува до нас, ние се уште не се соочуваме со тој проблем. Кај нас прашањето е дали воопшто ќе имаме некаква прилика да го изгледаме новото (како што се очекува да биде) ремек дело на творецот на „Господар на Прстените“…

{youtube}G0k3kHtyoqc{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button