Реклама
MAMAКафе муабет

Мачките се добри за срцето и го намалуваат стресот: Еве зошто треба да му се заблагодарите на своето милениче

Реклама

Изгледа дека мачките се многу чувствителни кога станува збор за нашата здравствена ситуација. Тие јасно гледат кога не се чувствуваме добро или кога сме болни.

ФОТО: ukpets.com

Поради нивното позитивно влијание врз луѓето, тие сега исто така се користат и во лечење на животни. Речиси нема одобар звук за опуштање од предењето на мачките. Сопствениците на мачки може да потврдат дека заедничкиот живот е добар за нив. Всушност, ова тврдење може да се потврди и научно.

Имено, Американските истражувања докажале дека мачките го намалуваат нивото на стрес на своите сопственици. Во текот на галењето на мачките, зголемено се лачи хормонот на среќа, додека истовремено се намалува создавањето на хормонот на стрес. Предењето на мачките помага луѓето да се опуштат.

Маркетинг

Кога сме под стрес, нашиот крвен притисок расте. Оние кои хронично страдат од висок крвен притисок, имаат зголемен ризик за развој на кардиоваскуларни болести. Бидејќи мачките имаат позитивно влијание на стресот, со тоа се намалува и ризикот од болести. Имено, одредени истражувања покажале дека домаќинствата со мачки имаат 30% помали срцеви удари.

Поради нивното позитивно влијание врз луѓето, мачките исто така се користат и во лечење на животни. Терапијата со мачки може да им помогне на постарите луѓе со деменција. Тие на пациентите им пружат чувство на среќа и делуваат против чувството на осаменост.

Маркетинг

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button