Во еден руски затвор чуварите фатиле мачка за која се сомневаат дека е користена за криумчарење дрога ставена во ланче. Од локалната затворска служба наведуваат дека и во 2010 година во таа институција се случил сличен инцидент, кога мачка била користена за криумчарење хероин.
Неколку дена чуварите не ѝ давале храна на малката, а гладната мачка се обидувала да го пронајде својот сопственик и тогаш била фатена. Во извештајот се наведува дека таа е родена во затворот, а еден од затворениците ја изнел надвор и ја предал на соработниците од надворешниот свет. Новите сопственици наводно ѝ ставиле ланче наполнет со хашиш и амфетамини и ја пратиле назад во затворот. Меѓутоа, крзнениот соработник бил фатен и предаден на локалниот центар за грижа за животните.