Mакедонската фолкерка објави преубава вест – ова е КОЛЕШКАТА што прва јавно и’ честиташе (фото)
Нашата позната фолк-пејачка денес слави роденден
Познатата македонска фолк-пејачка Елена Велевска денес навистина има убава причина за славење и добро расположение.
Таа денес полни 43 години, па на социјалните мрежи цел ден добива честитки од своите верни обожаватели и пријатели.
Меѓу првите честитки што ја доби беше онаа од колешката Сузана Гавазова која објави нивна заедничка фотографија преку која напиша:
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
„Среќен роденден колешке, да си жива и здрава и секогаш насмеана“, и порача Гавазова на Велевска преку Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Роденденска фотографија објави и самата пејачка. Облечена во црн фустан таа им откри на фановите дека денес е посебен ден за неа.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
„Нека биде и оваа година на среќа, љубов и смеа. Добредојдени сте ми 43-три години“, напиша познатата пејачка во коментарите.
Пејачката доби уште многу честитки, а објави и неколку фотографии на кои блеска и со кои никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Само еден ден претходно, Велевска позираше во тесен минијатурен фустан во бела боја со кој го истакна своето убаво тело.
Со косата врзана во високо коњско опавче и прекрстени нозе познатата фолк-пејачка покажа дека и во петтата деценија е во топ форма и дека многу помлади колешки можат само да и завидуваат.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
А дека тоа навистина е така може да се уверите и сами од фотографиите што ќе ги видите во продолжение…