Прошетка низ луксузниот дом на познатиот супермодел кој многумина би сакале да го имаат
Тајра Бенкс го стави на продажба својот имот во Лос Анџелес
Познатиот американски модел Тајра Бенкс само што го стави својот луксузен дом на продажба. Убавата поранешна манекенка која со години ја води емисијата „America’s Next Top Model“ пред неполн месец се почести со нов дом од соништата во истата населба за кој издвои дури 7 милиони долари, па заради тоа се опрости од куќата во која живееше досега која сепак е малку поскромна.
Станува збор за луксузна куќа која се наоѓа на самото крајбрежје во елитната населба „Пацифик Палисадес“ во Лос Анџелес. Куќата има две спални и три тоалети, а изградена е во 1977 година. Модерниот амбиент во медитерански стил се наоѓа на подзатскриена локација каде може интимно да уживате во преубавиот базен, а отворениот концепт на просториите и високите ѕидови прават впечаток дека куќата е многу поголема од вистинските 172 метри квадратни.
Во куќата има просторен „walk-in“ плакар кој се наоѓа во главната спална соба, модерно опремена кујна и тоалет со џакузи од каде се простира одличен поглед на планината, а со недвижноста доаѓа и спа центар и теретана.