Наши ѕвездиНовости

Лукас не се чувствува безбедно во Македонија?! Пејачот со шокантна изјава по скандалот во Кавадарци

Драмата продолжува...

Advertisement

По скандалот што се случи на настапот на Аца Лукас во Кавадарци пејачот се огласи на социјалните мрежи.

Имено, концертот на Лукас беше прекинат од страна на припадниците на МВР и пејачот потоа беше спроведен до полицијата.

Advertisement

Инцидентот се случил непосредно по полноќ, а инспекцијата беше спроведена од полицијата заедно со инспектори од повеќе институции. Контролата започна веднаш, а службите влегоа во угостителскиот објект и беа установени низа неправилности.

Фејсбук/ Аца Лукас

Во врска со целиот настан се огласи и градоначалникот на Кочани, Митко Јанчев (види тука), но и одговорните во ресторанот кои негираа дел од обвинувањата кои беа пласирани во медиумите.

И откако беа утврдени низа неправилности, настапот на Аца Лукас веднаш беше прекинат, а пејачот беше приведен.

Фејсбук/ Аца Лукас

Еден ден подоцна, се огласи и тој, па откри дека цела вечер поминал во полицијата во Кавадарци, а потоа заминал од Македонија.

„Не бев уапсен, отидов во полиција со сопствено возило. Во станицата ми рекоа дека настапот не бил регуларен, дека не бил пријавен, иако неколку дена претходно испратив копија од пасош – како што секогаш правиме“ вели пејачот во видеото. Лукас потоа додаде и дека само тој од целиот бенд бил уапсен и однесен во полицијата, што, според него, укажува на тоа дека станува збор за нешто лично, иако полицајците биле коректни кон него.

Фејсбук/ Аца Лукас

„Ова не ми е прв настап во Македонија, ова ми е илјада прв настап во Македонија, таму публиката е сјајна. Таму луѓето се сјајни, јас многу сакам таму да пеам, и секогаш било регулирано на овој начин, како што беше и вчера. И никогаш не сум направил никаков ексцес во Македонија, ништо, сум немал никакви проблеми,. И јас мислев дека јас таму сум добредојден, но очигледно дека не сум. Не за овие луѓе, за поголемиот број луѓе, туку за луѓето од власта. Затоа ќе морам да се преиспитам самиот себеси и со својата екипа, да ја преиспитаме можноста, на неодредено време, да не настапувам во Македонија.. додека овие луѓе се на тие позиции на кои се, бидејќи ние не сме сигурни за својата безбедност“, вели Лукас во видеото.

„Кој вели дека и следниот пат тоа нема да ми се случи“, изјави Лукс додавајќи дека во Македонија не се чувствува безбедно.

Пејачот ова го повтори и во интервјуто за Хајп ТВ, потенцирајќи повторно дека ќе ја преиспита својата одлука дали да настапува во Македонија бидејќи, како што вели самиот, тука се чувствува небезбедно.

Инстаграм

Потсетуваме, токму Скопје беше следната дестинација на „Кафанска ноќ“ која е најавена за 20 декември 2025.

Но заради најновите случувања и самите изјави на Аца Лукас, сега многумина се прашуваат дали овој концерт ќе се одржи.

Покрај Аца, на концертот треба да настапат и Мира Шкориќ и Мирослав Илиќ, а истиот треба да се одржи во Јане Сандански.

Билетите се овој настан се уште се продаваат, а влезници има од 1500 денари и 16.000 за ВИП маси.

Покрај Аца Лукас, Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ, гостите ќе ги забавува и македонската ѕвезда, Жаре Бербер со Галама бенд.

Нашата редакција се обрти до организаторите на настанот, од каде добивме информации дека истиот ќе се организира според предвиденото, но и дека истиот ќе биде од хуманитарен карактер.

Повеќе детали во врска со концертот ќе објавиме наскоро…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button