Оние што ве сакаат ќе ве сакаат од глава до пети, без исклучоци. Таквите луѓе држете ги до себе и чувајте ги како зениците во очите!
Ретко ќе сретнете луѓе кои ве сакаат. Но ако ги најдете, чувајте ги добро до себе.
Таквите личности нема да се обидуваат да ве купат со материјални работи, туку ќе ве воодушеват со ситници. Тие нема да заборават што ве прави среќни. Тие ќе умеат да ја сфатат и вашата насмевка, но и вашите солзи. Луѓето кои ве сакаат можеби ќе се бројат на прстите на едната рака, но бидете благодарни што постојат. Не е важен бројот, важно е што носат тие луѓе во својата душа, Луѓето кои ве сакаат ќе ве сакаат од глава до пети. Ќе го обожаваат секој ваш дел. Ќе умеат да ве прочитат со затворени очи и да го слушаат чукањето на вашето срце. Нивниот поглед ќе биде искрен. Тие нема да ги бројат вашите мани, туку ќе ги сакаат вашите доблести. Нема да ги бројат вашите порази, туку ќе ги слават вашите победи. Ваквите луѓе ќе ви даваат сила и тогаш кога самите ќе ја изгубите довербата во себе.
Луѓето кои ве сакаат ќе бидат достапни за вас, во кое било време, каде и да се. Тие нема да избегаат кога ќе ви биде најтешко и нема да ве остават кога ќе дојдат лошите денови. Не носат маска и не ви нудат лажна љубов. Не оставаат недовршени приказни и не ја глумат среќата. Тие нема да ве продадат за туѓите барања, ниту пак ќе се обидат да го засенат вашиот сјај.
Луѓето кои ве сакаат ќе ве сакаат тогаш и кога самите нема да се сакате.