Огласи
Нега и здравје

Луѓето со оваа крвна група имаат најголеми шанси да доживеат шлог пред 60 година – тестирани се 617.000 лица

По проучувањето на генетските профили, научниците утврдиле дека постои силна врска помеѓу раниот мозочен удар и делот од хромозомот кој одредува дали вашата крвна група е А, AB, B или 0.

Иако звучи чудно, научниците од Универзитетот во Мериленд тврдат дека ризикот од ран мозочен удар, кој настанува кога доаѓа до блокада на дотокот на крв во мозокот, зависи од вашата крвна група.

Најризична е А крвната група, додека најмал ризик имаат луѓето со нулта крвна група.

Стручњаците во 2022 година анализирале 48 генетски студии кои вклучувале повеќе од 600.000 здрави луѓе кои никогаш немале мозочен удар, како и 17.000 пациенти кои доживеале шлог.

Реклама

Сите учесници биле на возраст меѓу 18 и 59 години.

По проучувањето на генетските профили, научниците утврдиле дека постои силна врска помеѓу раниот мозочен удар и делот од хромозомот кој одредува дали вашата крвна група е А, AB, B или 0.

– Откако ги вклучивме полот и другите фактори, утврдивме дека луѓето со нулта крвна група имаат 12 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар, додека лицата со А крвна група имаат 16 отсто поголем ризик од шлог. Во споредба со другите групи, тие имаат најголеми шанси да доживеат мозочен удар пред 60-тата година од животот – вели доктор Стивен Китнер, автор на оваа студија.

Маркетинг

Тој нагласува дека ова не е причина за паника кај луѓето со А крвна група, бидејќи, како што објаснува, научниците сè уште не знаат зошто се случува ова. Се претпоставува дека зголемениот ризик е поврзан со поголемата склоност кон создавање крвни згрутчувања и проблеми со циркулацијата на протеините.

Инаку, крвните згрутчувања се главната причина за исхемиски мозочен удар, бидејќи тие го блокираат дотокот на крв во мозокот.

Исто така, претходни истражувања утврдиле дека лицата со А крвна група имаат најголеми шанси за формирање на тромбови во нозете, пренесува „Њујорк Пост“ (New York Post).

Да потсетиме, крвните групи не се подеднакво распространети низ светот – на пример, нултата група е статистички најчеста, но од друга страна, во Македонија, најзастапена е А крвната група.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button