Постои генерална предрасуда дека гледањето на порнографија значи и лош сексуален живот, но новите истражувања (за новиот милемиум) ја побиваат таквата теза во целост!
Имано, популарниот портал за возрасни Cam4.com, како и Францсускиот институт за истражување на јавното мислење (IFOP) објавија истражување на репрезентативен примерок на јавното мислење од 1 023 лица, за нивните порнографски навики. Дури 90 % од мажите и 60 % од жените одговориле дека редовно гледаат порнографија. Дури 53 насто од испитаниците пратат порнографија со своите партнери, додека 66 насто тврдат дека не би имале ништо против тоа доколку нивниот партнер го побара од нив.
Овие резултати го потврдуваат мислењето на многумина, дека порнографијата не е само за мажи или лица кои не се во врска, туку дека може позитивно да влијае на комуникацијата и блискоста во врската.
Истражувањето исто така покажало дека испитаниците кои најчесто гледале порнографија исто така имаат и побогат сексуален живот. Иако квантитетот на секс не значи нужно и добар секс, ова истражување сепак ги руши стереотипите дека порнографијата е за осамени личности кои немаат сексуален живот.
Кога станува збор за мажите во врска кои гледаат порнографија, 68 % од нив тврдат дека нивните партнери знаат за оваа нивна навика и дека само 7 % од нив побарале да престанат со тоа.
Претходно истражување покажа дека луѓето кои се искрени со партнерите за својот однос со порнографијата, се посреќни во врската. Истражувањето исто така дошло до други интересни резултати. Имено, 25 насто од испитаниците ги снимале или фотографирале своите сексуални подвизи.