Таа е најпознат плус-сајз модел во Хрватска
Луција Лугомер постојано ги провоцира своите обожаватели на својот профил на социјалните мрежи со извонредниот сексапил што го поседува, а така беше и овој пат кога позираше во провокативно црвено издание. Атрактивната 23 годишна бринета која воопшто не се срами да го покажува вишокот килограми и своите маани, туку гордо ја промовира природната убавина во сите величини, неодамна објави фотографија на која се гледа како изгледа од позади облечена во тесни фармерки, високи потпетици и градник.
„Животот е едно чудно место! Се сеќавам на своите школски денови кога ми се смееја поради тоа што сум и како изгледам. Без никаква причина. Во најчувствителните денови кога и самата се запознавав со своето тело и својот идентитет ме дочека едно големо недобредојде од моите врсници кои денес исто така се сериозни луѓе. Денес, како возрасна жена, никогаш такво чувство не би сакала на своето или на било кое друго дете и за тоа сум уште посвесна отколку што бев тогаш! Тоа никој не го заслужува! Моето тело, мојата интима, и сето она што сум јас на никого не треба да му биде доволно освен на мене самата првенствено, а доколку дојде до тоа некој таквото мислење да го дели со вас, уште подобро! И нека ви биде тоа пример. Кој би можел да каже дека токму таа Луција еден ден со сите свои маани ќе им помага на другите, ха?“ напиша Луција во коментарите и предизвика лавина од позитивни реакции.
И не требаше да помине многу време, а најпознатата плус-сајз манекенка на Балканот повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат во прашање е жешко црвено издание поради кое нејзините обожаватели паднаа во транс. Имено Луција позираше во црвен комбинезон со длабоко деколте кое во преден план ги стави нејзините раскошни облини на кои едноставно НИКОЈ не може да остане рамнодушен.
Па, големо БРАВО за оваа девојка!
На следната страна погледнете како изгледа Луција во костими за капење >>