Мурат Јилдирим е еден од најомилените турски актери. Со својата глума, убавина и скромност, ги освои срцата на обожавателите ширум светот, особено на оние кои ги сакаат турските серии.
Мурат е познат по неговата способност да се поврзе со публиката на емоционално ниво, а моментно го гледаме (во Македонија) во популарната турска серија Азиз, каде го интерпретира ликот на Азиз Пајидар.
МаркетингView this post on Instagram
Маркетинг
Недипломиран глумец
Мурат Јилдирим е по потекло од Мардин (семејството на актерот е со арпаско и курдско потекло), а интересно е што дипломирал на Техничкиот универзитет Јилдиз, отсек машинско инженерство.
Се приклучил на актерската секција во универзитетот и учествувал во театарски претстави како аматер цели три години. Во 2003 година ја добил првата мала улога во една телевизиска серија, која го донела до улогата во ТВ серијата „Фиртина“ со популарната турска глумица Бурчин Терзиолгу.
Серијата била широко гледана. По оваа серија глуми во друга, со уште една многу популарна глумица, Мерјем Узерли, кај нас позната како Хурем од хит серијата „Сулејман Величествениот“. Следуваат бројни нови ангажмани и улоги.
View this post on Instagram
Љубовта на неговиот живот е Мароканка
Во приватниот живот, Мурат е во брак е со убавицата Иман Елбани (37), родена во Мароко. Во 2008 година, Иман учествувала на натпревар за убавина во Мароко (Мис Араб Мароко) и била крунисана за мис. Токму оваа титула ја направила многу позната во својата земја и пошироко.
View this post on Instagram
Нејзината слава се зголемува со бројните модни ангажмани и рекламни кампањи за производи за нега и убавина, а подоцна особено и со бракот со турскиот актер Мурат Јилдирим (во 2016 година), што предизвика голем интерес кај медиумите во јавноста.
До денес, љубовта на Мурат и Иман привлекува внимание поради нивната хармонија и поддршката која меѓусебно си ја даваат во кариерите.
И Иман Елбани, иако не е професионална актерка, денес добива и актерски ангажмани, а моментно е актуелна во Турција поради гласините дека наводно ја добила главната улога во турката серија Февзије.
View this post on Instagram
Од првиот поглед во Лондон
Но, како започнала оваа љубовна приказна? Всушност, сè започнува во Лондон. Се разбира, тие не се заљубиле лудо еден во друг на прв поглед, но биле многу импресионирани еден од друг и за време на нивниот престој во Лондон продолжиле да се сретнуваат. Љубовната романса е веќе разгорена.
Иако припаѓаат на различни земји и култури и зборуваат сосема различни јазици, покажале дека љубовта не познава пречки.
Кога Мурат Јилдирим се вратил во Истанбул, а таа останала во Лондон, тие продолжиле секојдневно да разговараат преку телефон, а потои и да се среќаваат во различни градови.
View this post on Instagram
„Еден ден, додека разговаравме на телефон, Мурат ненадејно ми предложи брак. На почетокот не поверував, мислев дека се шегува“, објаснува Иман Елбани за турските медиуми.
Се венчаа во 2016 година со две прекрасни свадби кои ги споија турската и мароканската култура. На свадбата присуствувал и претседателот на Турција, Ердоган со сопругата.
View this post on Instagram
Загуба на две бремености
Двојката која чекаше бебе извесно време по свадбата, за жал, го загуби своето бебе поради здравствени проблеми на Иман.
Радоста на двојката, која повторно ја доби добрата вест во 2020 година, беше скратена и по вторпат.
Во октомври, 2022 година, конечно станаа пресреќни родители на девојче. Фотографиите од ќеркичката ги споделија на социјалните мрежи за нејзиниот втор роденден, односно годинава во октомври.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Необични факти за Мурат
Со одлука на 19. Висок кривичен суд во Истанбул во октомври 2015 година, Јилдирим беше осуден на 10 месеци затвор за „користење дрога“ и набргу беше ослободен од кривичното дело „основање, управување и членство во организација“.
Судот ја одложил казната бидејќи затворската казна била наводно многу мала, помала од една година, но во таблоидите се шпекулираше дека била одложена поради неговите врски со власта, кауцијата која ја платил но и проади славата. Актерот, потоа го среди својот живот, особено со бракот со Иман кој се случи само една година потоа.
View this post on Instagram
Уште еден интригантен податок е дека во деновиве додека се појавувал во ТВ серијата Тешкилат, ненадејно си заминал од неа и почнал да глуми во конкурентната ТВ серија Тајна градина со преубавата турска актерка Ебру Шахин, што предизвика големи реакции во јавноста.
Сепак, серијата Тајна градина траеше само 6 епизоди и заврши, или поради притисокот беше скратена.