Кафе муабет

Љубица се омажи за постар странец и процвета – „јас сум му четврта жена, но за мене е најдобар!“

Завршила само четврто одделение зашто чувала овци, па повеќе не ѝ требало. Но морала да заврши основно училиште за да стане чистачка. Сепак, животот ѝ се променил кога го запознала странецот, 18 години постар од неа...

Advertisement

Љубица, позната како Љуба, никогаш не се срами од своето детство, ниту од животот што го живее денес.

Таа е жена од Приедор (град во Босна и Херцеговина), која завршила само четврто одделение основното училиште, а потоа заминала во Германија, каде што се омажила за маж постар од неа 18 години. Преку ден работи како чистачка, а навечер пее во кафеани низ Германија.

Advertisement
принтскрин јутјуб

„Татко ми ми рече дека ќе чувам овци и крави, ќе работам на нива, и дека немам потреба повеќе од завршено четврто одделение. Во 90-тите, кога се преселив во Загреб, мораше да го завршам основното училиште, зашто тоа беше задолжително. Како дете, не смеевме да одиме во училиште, а ако прашавме зошто, татко ми велеше: ‘Ќути, не ме интересира, ти не одиш и точка’.

Кога отидов во Загреб да работам во кафеана, сфатив дека и за чистачка е потребно да имаш завршено основно. Така што, завршив дополнително.“ – вели Љубица.

Љубица работела различни работи во Загреб, се снаоѓала, пронашла љубов, се омажила и добила две деца. Но, таа љубов не потрајала, па се развела.

Advertisement

„Во 2013 година дојдов во Германија. Тогаш се разделив со таткото на моите деца и сосема случајно го запознав сегашниот сопруг преку Фејсбук.

Му реков: ‘Слушај, јас сум среќно разведена жена и немам време за глупости. Не планирам ни да се мажам, ни да се разведувам пак.’ Но, тој не се откажуваше.

Дојде во Загреб да се запознаеме. Од моментот кога се видовме, знаевме дека сме еден за друг. Го дочекав со јагнешко месо и пита со компири, а го дочекаа и сите мои браќа.

Кога пристигнавме во Германија, на децата веднаш им се допадна новиот начин на живот. Сѐ беше поразлично…“

принтскрин јутјуб

„Јас сум му четврта жена, но за мене е најдобар“

„Тој е постар од мене, а пред мене имал три жени. Му реков: ‘Чекај, треба да истражам каде е проблемот’. Но, сфатив дека проблем немало, едноставно тие жени не биле за него.

Сега ми е совршен. Кога има почит и љубов, годините не значат ништо.“

Денес, Љуба со својот сопруг свири и пее по кафеани низ Германија, а наутро работи како чистачка во градинка.

„Работниот ден ми е совршен. Работата како чистачка ми е омилена, бидејќи така најдобро се опуштам,“ вели таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button