Лозано го покажа синчето – Денеска пејачот слави 40. роденден!

Пејачот Влатко Лозаноски еден од најдобрите македоснки вокали, од неодамна се реализираше како татко.
Лозано не објавуваше фотографии и вешто го криеше својот син од очите на јавноста , се до пред некој ден. Пејачот се охрабри да сними кратко видео со песна, а во рацете го држи синот Марко.
Осумесечното бебенце ужива во прегратките на татко додека ја слуша песната „ Лихнида кајче веслаше“.
Ова видео го објави „Ohrid Wine Fest“ и се работи за најава за Фестивалот за вино во Охрид, каде тој ќе настапува на 28 јуни, односно утре.
Потсетуваме веста дека Лозано станал татко одекна во јавноста како големо изненадување во октомври минатата година.
Како што пренесува тогаш нашите медиуми, Влатко добил син на кого му го дале името Марко, а мајката е девојка која пејачот ја крие од очите на јавноста не откривајќи детали од приватниот живот.
Потсетуваме, Влатко порано девет години беше во врска со убавата манекенка од Валандово, Савка Грачанин. Тие се разделија во 2017 година непосредно пред да се случи нивната свадба, а две години претходно се свршија.
Инаку денеска Влатко Лозаноски полни 40 години. Среќен роденден!
Неговата сестра Марија Лозаноска со прекрасна честитка за роденденот на бато. Пресреќна тета!
„За првапт остана без зборови“.
