
Во некои продавници купувањето облека кога нема попуст е луксуз, не секој може да си ги дозволи тие цени.
Деновиве ловиме попусти за вас!
Бевме во посета на шпанскиот бренд МАНГО. Тука секогаш колекциите се елегантни, едноставни, модерни, но умерени. МАНГО е за девојки со префинет стил. Доколку си таква ајде со нас на прошетка во продавницата во East Gate mall.

Кaко што гледате попустите овде се уште траат. Ќе најдете парчиња од оваа и од претходната сезона до 60%. И вреди да појдете да разгледате бидејќи има избор на зимска гардероба по намалени цени, па така ќе најдете супер квалитени фармерки, панталони здолниште за околу 1500 денари.
Интерсно е што ги изложиле и ланските парчиња од летната сезоана, ако сте од оние коишто навремено си купуваат облека ова е одлична можност за вас. Нурнете во лелеавите фустанчиња кои иако се лански модел сигурно ќе се носат и ова лето.
Голем избор на маички и летни здолништа, со сигурност ќе си најдете нешто за себе или убав подарок за некоја пријателка.
Ако ви треба чанта имате попуст и на чантите и на дел од асортиманот за модни додатоци.

Ѕирнавме и во новата колекција, но тоа ќе го оставиме за следниот пат, овој пат во фокус ни се само попустите.
Сега уживајте во глетката со намалени цени и одберете си го вашиот модел.



