Реклама
Престиж

Lotus Exige S V6 – вистинска оса!

Реклама

Новата генерација на Lotus Exige S има superchargеr V6 мотор и стил на мини суперкола – нешто како осичка која секој ја посакува за тајно оружје и никој не сака да се ’боцне‘ од неа…Инаку новиов модел за разлика од претходниците покрај тоа што е нов, исто така е и поголем, т.е. поширок, подолг и токму затоа во првата реченица и рековме дека остава доем на екстра мини суперкола!  

Маркетинг

Инаку споменатиот V6 supercharger e 3.5 литарски мотор сместен на самата страна од конструкцијата на автомобилот, а како најголем технолошки трик се смета новиот Dynamic Performance Management (DPM) system. Имено, системов нуди можност истовремено за ’скротување‘ на вртежниот момент и во истовреме дава оптимален досег на тракцијата, односно истегнувањето при влегувањето во свиоци и дури може самиот да научи какви гуми користи и треба да користи колава. 

Инаку Британците ја фиксираат цената на околу 60 000 евра, што е повторно поскапо за разлика од претходниот модел, но моделов тврдат дека доаѓа со многу посериозни задачи. Имено, велат дека Lotus-ов é и треба да биде очигледна конкуренција за германскиот Cayman R. можеби губи малку од комфорот кој што го нуди Porsche, но затоа пак е за скоро цела секунда побрз во забрзувањето и до стотка оди за 3.8 секунди, во споредба со 4.7 на споменатите Шваби – па сега вие размислете си!

Маркетинг

alt  

alt  

alt

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button