Бизнис

Лоши вести за многу Македонци што сакаат да заминат во Германија – германската влада го менува законот?

Ќе се намалат ли квотите за работници од Западен Балкан?

Advertisement

И покрај тоа што ова беше успешна приказна за Германија, новата влада планира да донесе промени кои на многумина нема да им се допаднат.

Во последните неколку години германската економија проблемот со недостаток на работна сила го решаваше и со тоа што донесе олеснителни мерки за мигрантите од Западен Балкан што бараат работа во нивната земја.

Advertisement

Дел од овие мерки беа донесени во 2020 година во времето на Ангела Меркел, но сега владејачката коалиција планира да ги промени.

Од друга страна Институтот за германска економија (IW) повикува на олеснување на миграцијата од државите на Западен Балкан и Албанија, истакнувајќи ја економската корист, пишува RedaktionsNetzwerk Deutschland (RND).

Advertisement
Фото: Фрипик

Се намалуваат шансите за работ во Германија?

Но според новата коалиција ЦДУ/ЦСУ и СПД годишната бројка на работници мигранти треба во најмала рака да се преполови.

Имено, Германија пред неколку години се соочуваше со сериозен недостаток на работна сила и овој дефицит постојано растеше.

И бидејќи имаа потреба од речиси половина милион мигранти годишно, од негувателки, преку инсталатери на клима уреди, до логистичари и факултетски образуван кадар, германската влада пред десетина години донесе законско решение со кое на мигрантите им беше овозможено многу полесно да најдат работа во оваа земја, и тоа со професијата за која веќе се имаат школувано дома.

Фото: Фрипик

Граѓаните од западен Балкан беа привилегирани

Со ова законско решение тие имаа голем прилив на нови работници од земјите од поранешна Југославија, меѓу кои се и оние од Македонија која исто така беше меѓу „привилегираните“, кои благодарение на ова „западнобалканско правило“, полесно наоѓаа работа.

Но годишната квота за работници беше ограничена на 50.000, а сега германската влада планира да ја преполови бројката.

На овие планови на новата германска влада се противат многумина, па така на пример според експертот за миграција од IW, Видо Гајс-Тене, намалувањето на квотите за миграција би било погрешно и контрапродуктивно.

Според податоците на овој експерт, бројот на вработени од земјите од Западен Балкан кои не се дел од ЕУ од 2019 до 2024 пораснал за 165.000 работници достигнувајќи цифра од 521.000 работници.

Експертот нагласува дека многу од овие мигранти работат како квалификувани работници – само во текот на летото 2024 околу 300.000 од нив имале работа која бара стручно образование или диплома, што е за 100.00 повеќе отколку пет години претходно, објави RND, а пренесе „Телеграф.рс“.

Покрај овие бројки, податоците покажуваат и дека бројот на лица од оваа група кои примаат социјална помош е намален, така што во целина мигрантите од Западен Балкан многу повеќе допринесуваат со порези и даноци отколку што примаат државни бенефиции, така што нема потреба за ограничување на миграцијата.

Принтскрин/ Јутуб, Бизнис инсајдер

Промената на Меркел

Голем прилив на работници од Балканот имаше посебно откако Меркел во 2019 реши да го олесни увозот на квалификувани работници кои доаѓаат и надвор од ЕУ, а законот стапи во сила на 1 март следната, 2020 година. Главната цел на овој закон беше да им се отвори патот на работниците кои се надвор од ЕУ да дојдат и да останат во Германија која во тој момент имаше „очајни“ потреби од нив, како што изјави тогаш во својата порака Меркел.

Но економската криза со која се соочува и Германија и покрај тоа што е една од најразвиените земји во Европа, како и новите геополитички предизвици, очигледно можат да допринесат да има промени во овие политики, посебно на Правилото од пред 10-на години.

Имено, во Германија од почетокот на 2016 на сила беше Правилото за вселување од Западен Балкан кое не беше ограничено само на квалификувани, туку и на неквалификувани работници, но по некое време праксата покажа дека најголем проблем беше издавањето на работни визи за кои понекогаш за состанок во германските амбасади се чекаше и повеќе од година дена.

Затоа германската влада одлучи да го донесе новиот закон кој од 1 март 2020 година стапи на сила, а кој се однесуваше за работниците од балканските земји.

Повеќе за ова прочитајте тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button