NEWSБизнисДијаспора

Лоши вести за Македонците што живеат во Германија – пристигнуваат нови промени за невработените

Нови промени во земјата во која живеат многу Македонци – остануваш без примања доколку го направиш ова

Advertisement

Во последно време се почесто пристигнуваат лоши вести и од една од најразвиените држави во Европа.

Станува збор за Германија чија економија се соочува со тешки предизвици, а во која се вработени и многу наши иселеници.

Advertisement

Како што објави германскиот „Билд“, досегашниот систем на градски додаток ќе биде преобликуван во нова основа за социјална сигурност за оние што бараат работа, пишува во документот на работната група „Работа и социјални прашања“.

Станува збор за голема промена во врска со граѓанскиот додаток (Bürgergeld) во Германија, така што во иднина од секое лице што се води како невработено ќе биде побарано активно да се обидува да најде работа.

Целта е вработените во заводите за вработување повеќе да не мораат да ги „гонат“ корисниците, туку само да им даваат совети.

Advertisement

Кога едно невработено лице кое е способно за работа и кое повеќе пати ќе биде одбиено за некоја прифатлива работа, за него ќе биде спроведено потполно укинување на паричната помош, се вели во ова соопштение.

Фото: АИ, Гламур

Економијата се соочува со предизвици

И сето ова се случува кога состојбата во германската економија е најцрна од врвот на пандемијата, а посебно лошо е во индустрискиот сектор.

Па така општиот индекс на очекување на работодавачите падна за наизглед мали 0.3 бодови, на 92.7, но се што е под 100 бодови укажува на негативен тренд, а индексот со месеци се движи по удолна линија.

Ситуацијата се уште е лоша и невработеноста ќе продолжи забавено да расте, вели главниот истражувач на економскиот институт ИФА, Клаус Вохлрабе.

Фото: Фрипик

Во блиска иднина бројот на откази ќе се зголемува

Вкупната бројка кога станува збор за овој индекс е калибрирана на 100 бодови во 2015 година, а економските сектори означуваат пресек на компаниите што планираат да вработуваат и оние кои планираат да отпуштат работници, па затоа секторскиот индекс под нула укажува на тренд на намалување на работната сила.

Овој тренд може да се забележи ако се погледнат долгорочните бројки на ИФА – ако не се сметаат трите најлоши месеци во пандемијата, во 2020 година, овој индекс е најнизок од декември 2009 година.

Најлошо е во индустријата

Барометарот на вработеноста во индустријата е на минус 21.7 бодови, што е во склад со бројните отпуштања што се планираат во големите компании како Фолксваген, Сименс, Ауди, Бош и сл, пишува Феникс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button