Лоша вест за македонските пензионери иселеници: Државата ги исклучи од линеарното покачување

Државата извршила индиректна дискриминација врз македонските пензионери кои живеат во странство, исклучувајќи ги од линеарното покачување на пензиите од 2.500 денари. Ова е заклучокот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која во своето најново Мислење утврди дека измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се спротивни на начелото на еднаквост.
Комисијата постапуваше по претставки од граѓани кои, иако имаат остварено право на пензија во Македонија врз основа на својот работен стаж, останале „со празни раце“ само затоа што нивната пензија се исплаќа на сметки во странство. Спорната измена: „Исплата само во Република Северна Македонија“ Суштината на проблемот лежи во законските измени донесени во април 2025 година. Со нив, се предвиде линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, но законодавецот (Собранието), по предлог на Министерството за социјална политика, демографија и млади, вметнал нов услов: покачувањето важи само за пензии „кои се исплаќаат во Република Северна Македонија“.
Овој услов, иако навидум неутрален, де факто ги подели пензионерите на две групи: Резиденти: Кои го добија покачувањето. Иселеници: Околу 12.000 пензионери кои живеат во странство (како Словенија, Германија итн.) и кои автоматски го изгубија правото на зголемувањето, иако уредно придонесувале во Фондот.
Останува да се види дали надлежните ќе го исправат овој правен вакуум и ќе обезбедат еднаков третман за сите пензионери, без оглед каде живеат.
Дали Владата ќе им ги земе на пензионерите од џеб парите од линеарното зголемување на пензиите во вкупен износ од 5.000 денари, е дилемата кај армијата пензионери по одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста дали е оправдано линеарното зголемување на пензиите. Од Судот истакнаа дека се сомневаат дека се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните, како и правната сигурност со членот 2 од последните измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 1 септември годинава, со кои се воведе линеарно зголемување на пензиите.




