За жената Рак веќе е познато дека е многу емоционална. Ако сте личност родена во овој хороскопски знак, тогаш знаете дека вам ви е потребен некој кој ќе сака да искажува нежност исто како вас.
Важно ви е тој да им се допаѓа на вашите родители, затоа што сепак, за вас е најважно семејството. Вашиот идеален состанок со некое момче е кога ќе останете дома и ќе уживате во некој филм, во топлата и удобна атмосфера…
Вие треба јасно да му дадете на знаење на едно момче дека емоциите за вас се од голема важност и дека лесно се повредувате. Ако се скрши вашето срце и ако бидете повредени, вие нема да трчате наоколу и да зборувате за вашите проблеми, туку тивко ќе се повлечете во себе и ќе страдате во тишина. Секако, притоа до вас ќе имате еден куп благи работи за јадење.
Вам најмногу ви одговара партнер Девица, затоа што во ваше присуство, оваа личност ќе ја покаже својата нежна страна. Спротивно на ова, момчето родено во знакот Водолија ќе знае да ви погледне во душата, но нема да ја има истата нежност која вам ви е потребна.