ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ, 2016: Стрелците ќе уживаат, Девиците ќе флертуват. А вие?
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
На Вагите кои се во врска или брак ќе им биде многу важно пријателството и искрениот однос што го имаат со партнерот. Искористете ги предностите на поволниот период да се дружите повеќе со партнерот, да работите заедно некои работи за да разбудите и постигне повисоко ниво во врската. Можно е во врската да имате подеми и падови, но тоа не е ништо страшно, ќе помине. Важно е да бидете трпеливи и двајцата да имате разбирање еден за друг. Доколку сте слободни, исто така ќе имате променливи расположенија. Ќе бидете расположени за љубов и флертување, но нема во секој момент да имате трпение за сите тие потенцијални партнери и симпатии. Нон-стоп ќе имате некои замерки, без разлика како потенцијалните партнери се однесуваат кон вас. Засега, уживајте во својата слобода, а љубовта ќе дојде.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Вашиот однос со мајката ќе биде клучен за односите со партнерот. Иако може да ви изгледа чудно, но начинот на кој се однесувате кон својата мајка, без разлика каков меѓусебен однос имате, така ќе функционирате и со љубовниот партнер. Не е непознато дека врз нашето однесување во секој аспект од животот најголемо е влијанието на родителите, а кај вас тоа особено ќе биде нагласено во август. Совет е да ги следите вашите чувства и срцето, а не она на што сте навикнати и научени. Ова важи за оние во врска, додека слободните Шкорпии ќе уживаат во она што го имаат, а во својата слобода пред сè.
Одморите се во тек, па еве ви совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Слободните припадници на овој знак ги очекува убаво и многу интересно лето. Сè ќе пршти од забави и заведувања, а не е исклучено дека ќе започнете и врска со личност која веднаш ќе ве освои, но, сепак, можно е таа врска да мора да се одржува на далечина. Оваа личност толку многу ќе ве привлече што сосема „ќе го изгубите умот“, ќе сакате што повеќе време да минувате со неа, а особено ќе бидат интересни разликите меѓу вас, бидејќи вашата нова љубов ќе може да ве научи на многу нешта што не сте ги знаеле. Ако сте во врска, ова е многу важен период за вас. Нешто ќе се формализира – вашата врска во некоја смисла ќе прејде на повисоко ниво и затоа ова е вистинското време отворено да разговарате со вашиот партнер за тоа. Секако, ве очекува многу добар и задоволувачки период.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Ова е дефинитивно најдобар месец за љубов кога станува збор за Јарците, без разлика дали се во врска или слободни. Ќе бидете позаинтересирани од обично за љубов, забава, нема да ве држи место и ќе го привлечете вниманието на спротивниот пол. Ако сте слободни, ќе ве привлече личност чиј шарм веднаш ќе ве освои. Слободно препуштете се! Доколку сте во врска, можно е да има мало несогласување и препирки во бракот или врската, ама со оглед на фактот дека сте многу романтични и љубовни настроени, сè лесно ќе решите па тоа нека биде и ваш адут за помирување.
ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Откријте каде вашиот знак ќе ја запознае сродната душа
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Август за Водолиите дефинитивно ќе биде во знакот на секс. Ќе бидете отворени за експериментирање со некои нови работи и забави в кревет. Се разбира, ако сте во врска, тоа ќе биде со вашиот партнер, а ако сте слободни, изгледа дека толку слободно и ќе се однесувате. Но, тоа не е ништо страшно, бидејќи е дојдено времето да уживате. Препуштете се и уживајте и правете го она што ве прави поисполнети и посреќни. Советот е во секој аспект на љубовниот живот да бидете искрени кон себе и да го слушате срцето, па да тргнете по она што ви препорачува интуитивното чувство. Ќе биде многу важно да се контролирате во одредени ситуации и да знаете кога е доста и кога она што го правите е претерано. Сепак, имајте на ум дека вие сте оние кои ги поставуваат границите.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Во овој период нема да има многу промени на полето на љубовта, без разлика дали сте слободни или во врска. Може да се каже дека ова е мирен период и дека сите турбуленции се далеку зад вас. Време е да уживате со вашиот партнер/ка, а доколку сте слободни, посветете се на себе и на сите она што ве исполнува. Се разбира, без оглед на вашиот емотивен статус, совет е да не го мешате приватното и деловнот, бидејќи тоа никогаш нема да излезе на добро. Одвоите ги овие две работи, бидејќи тие никогаш не одат добро заедно. Дури и ако пронајдете партнер кој е, всушност, ваш колега/шка, не зборувајте им на сите за тоа, особено не на соработниците и колегите, и не на луѓето кои имаат барем и мала врска со вашиот бизнис.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за јули, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»