Вага
Можеби ќе уживате во љубовта, може би не, но вашите чувства ќе се менуваат од ден на ден. Ќе запознаете личност со која добро ќе се согласувате и со која ќе може да разговарате на повеќе теми. Ќе најдете доста заеднички интереси, и тоа ќе ве доведе до емотивно поврзување. За жал, нема сè да се одвива така како што очекувате.
Скорпија
Врската е хармонична, и работите течат онака како што би требало. Во потполност сте задоволни. Ако сте слободни, работите можат да се променат, но само ако вие сакате. Ќе постојат шанси и можности, но не размислувајте премногу. Така ќе си донесете убави пролетни денови.
Некои нема да бидете заинтересирани за долготрајни врски и емотивни поврзувања. Може да се случи да започнете тајна врска. Во тој случај другата страна може да ви направи проблеми, љубоморни сцени и ќе бара од вас нешто што не сакате да го пружите. Затоа, најдобро да избегнувате лица кои не се слободни.
Стрелец
Ако сте во врска, мај може да донесе она што чекавте од почетокот на годината – мир, љубов и романтични моменти. Секако, врската станува посилна секој ден, а вие чувствувате и повеќе љубов. Тоа значи дека на вас пролетта убаво делува.
Ако сте слободни, нема да ви биде многу досадно. Расположени сте за дружење и забава, а вашиот шарм постојано ќе го привлекува спротивниот пол. Можеби ќе имате повеќе можност да бирате кому ќе го подарите своето срце.
Кој е патот за освојување на срцето на маж роден во хороскопскиот знак Бик?>>>
Јарец
Јарците ќе бидат расположени, ќе уживаат во пролетта, а нивната позитивна енергија ќе биде заразна. Тоа ќе ги направи неодоливи за спротивниот пол, па така воопшто нема да им недостасува флерт, додворувања и убави моменти. Ако некој ви се допадне, влезете во врска па потоа ќе мислите.
Очекувајте силна привлечност. Ќе ве интересира како би изгледало ако сте во врска со вашата потполна спротивност, па додека размислувате, ќе сфатите дека врската почнала спонтано. Како ќе се одвива, зависи од двајцата.
Водолија
Водолии те во текот на мај ќе бараат личност која во потполност ќе ги освои, но тие ќе бараат и емотивна поддршка од нив. Тоа не е толку тешко да се најде, но само треба да погледнете околу себе. Љубовта особено ќе биде присутна на крајот на месецот, па затоа бидете подготвени на многу нешта.
Кај некои страст ќе биде појачана и може да се впуштите во повеќе истовремени авантури. Ова дополнително ќе ви отвори нови шанси за патување и реализации во странство. Не се препорачува да влегувате во тајни врски со лица кои не се слободни, бидејќи тоа може да ви донесе повеќе неволји од задоволство.
Риби
Оние кои се во врска не ги очекуваат големи промени, но тоа не значи дека не можете да уживате во убавите моменти со својата сакана личност.
Дедека срцето на слободните ќе го освои личност со која долго време сте блиски на некој друг начин. Тоа може да биде бивша авантура или пријател, а сега ќе сфатите дека постои нешто подлабоко. Ова не значи дека ќе обновите некоја сериозна врска од минатото, внимавајте да не ги помешате работите.