Диети

Изгубете 9 килограми за две недели со лимонада диета

Реклама
Реклама

Лимонада диетата која исто така ја нарекуваат и „Диета – голем прочистувач“  трае од 10 до 14 денови и со неа можат да се изгубат до 9 килограми.

limonadadieta1

Во овие две недели може да се загубат до девет килограми (и повеќе, во зависност од висината на лицето што ја држи диетата). Основниот принцип на „лимонада диетата“ е чистење на организмот од токсини и брзо губење на несаканите килограми!

Маркетинг

Лимонадата се подготвува на следниов начин:

limonadadieta4

Маркетинг

Во сад во кој претходно имате ставено две литра зовриена (и се уште жешка) вода се цеди сок од три лимони, потоа додавате 14 супени лажици јаворов сируп и пола лажица издробен црвен пипер и сето тоа ќе го мешате додека смесата не се изедначи.

Оваа лимонада треба да се пие во мали голтки секој пат кога ќе се јави чувството на глас.

Сокот од лимон, како дел од лимонадата ќе му помогне на телото да се ослободи од телесните масти како и токсините, јаворовиот сируп ќе ги обезбеди неопходните калории, витамини и елементи во трагови, а лутата пиперка пак го стимулира метаболизмот.

Другите пиења кои ги внесувате во текот на денот, вклучуваат солена вода (на врвот од ножот ставате сол во 2 дл. млака вода) и зелен чај кој ќе помогне да се исфрлат токсините од телото.

Како би ја обезбедиле потребната енергија за телото, дневно треба да испиете од 8 до 12 чаши од лимонадата, што е околу 800 – 1 200 калории.

limonadadieta3

Во Лимонада диетата (Големиот чистач) е неопходно постепено ’навлегување‘ во диетава. Три дена пред да ја започнете диетата, заменете ги полуготовите производи, како и месото со свежо овошје и зеленчук. Два дена пред почетокот на диетата, неопходно е да внесувате исклучиво течна храна, а ден пред почетокот на диетата – по цел ден се пие само свежи исцеден сок од портокал (најмалку 2 литри дневно).

Предности на оваа диета:

–    Го чисти организмот од сите токсини.
–    Забрзано губење на тежина.
–    Подобрување на состојбата на кожата.
–    После Лимонада диетата, ќе ви се појавата неверојатни изливи на енергија и виталност.
–    Олеснување и прочистување на организмот кај хроничните болести.

limonadadieta2

Важна работа која треба да се знае за оваа диета е дека е апсолутно контраиндикативна за луѓе со високо ниво на киселини во желудникот и луѓе кои страдаат од чир на дванаесетпалачното црево.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button