Лимонот се препорачува во многу диети, првенствено поради тоа што помага организмот да се прочисти од отровите и го забрзува метаболизмот.
Тој е неизбежна намирница при настинки и болести затоа што содржи големи количини витамин Ц и антиоксиданси и го зајакнува организмот и го зголемува имунитетот. Редовното користење на лимони во вашата исхрана ќе ви обезбеди поголема виталност и енергија, како и чиста кожа и витка линија.
Од друга страна, циметот помага да се воспостави рамнотежа на шеќерот во крвта, а лутата пиперка го загрева телото и го забрзува неговото чистење и исфрлањето на токсините.
Детоксикацијата со лимон се заснова на зголемено консумирање на лимони, лесно се применува, здрава е и дава одлични резултати. Диетата со лимон односно лимонада ја осмислил Стенли Бароуз и ја нарекол “Master Cleanser“ во четириесеттите години на минатиот век, и нејзината популарност од тогаш не стивнува. Освен зголемениот внес на лимони, односно лимонада, диетата вклучува и овошје и зеленчук, мешункасти растенија, јаткасти плодови, риба и семиња.
Ова не е типична брза диета и со неа се слабее побавно и поздраво, околу еден килограм неделно, односно до 4-5 килограми за еден месец.
Лимонада за детоксикација:
-1 лимон
– 300 мл. вода
– едно стапче цимет или една мала лажичка мелен цимет
– малку мелена лута пиперка
– мала лажичка мед
Пример за мени
Појадок:
-1 дл. лимонада
-1 јаболко
-1 круша
– јогурт со ниска масленост
-шака јаткасти плодови
-100 гр. шумско овошје (боровинки, црна рибизла, малини, јагоди)
Ужина:
-1 дл. лимонада
-1 банана
– шака семки од сончоглед или тиква
Ручек:
-мала порција варена боранија со исцеден лимон
-1 дл. лимонада
-шака сушено овошје
Вечера:
– риба на жар
– варен зеленчук
– 1 дл. лимонада