Реклама
Нега и здравје

Вашиот нов омилен пијалок: Лимонада за детоксикација со ѓумбир и каранфилче

Реклама

Како што веќе знаете, лимонот е полн со витамин Ц и многу корисен за нашиот организам. Тој исто така е одличен алкализатор кој ја балансира Пх вредноста на организмот и помага да се ослободи од отровите.

Во период на празници (или во секој период кога малку повеќе ќе си дозволите) потребно е да најдете лесни и едноставни начини да се чувствувате подобро и да ја избегнете грижата на совеста што така посветено ги празните чиниите и чашите на секоја слава или забава, или едноставно – семеен ручек.
Овој пијалак ќе ви помогне да се прочистите, да ги совладате симптомите на настинка, да го победите заморот и слабоста на организмот. Како создаден за празничниот период!
Се пие по ручек, како дигестив, или наутро кога ќе се разбудите, за да ја поттикне работата на имунолошкиот систем.
Состојки:
–    Сок од 1 лимон
–    1 лажичка мед
–    прстофат каранфилче
–    прстофат ѓумбир
–    1 шолја врела вода
–    кришки лимон за сервирање

Маркетинг

Подготовка: во една шолја измешајте го сокот од лимон, медот, каранфилчето и ѓумбирот. Прелијте со врела вода и промешајте. На врвот наредете ги крипките лимон за декорација.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button