Жените често бараат алтернативи за дезодоранси во природните препарати, но понекогаш тоа и не е баш најдоброто решение.
Дезодорансите се составен дел од секоја женски несесер и не е спорно дека навистина се потребни Но, колку и да се корисни, тие можат да бидат и штетни, а тоа најмногу зависи од хемискиот состав. Поради тоа некои претставнички на понежниот пол се обидуваат да применат природни решенија против непријатните миризби.
Па така се почесто на блоговите и на социјалните мрежи можеме да прочитаме за ефикасни природни замени за штетните спреови, а едно од најчестите е лимонот. Но, дали лимонот навистина е добра алтернатива за дезодоранс?
НЕ. И покрај тоа што оние кои што го користат ќе ви кажат дека тој успешно ги отстранува бактериите, па на тој начин ја спречува и непријатната миризба, а и има фантастичен мирис – лимонот сепак не се препорачува за често користење и тоа од причини кои НЕ смееме да ги занемариме.
Да, лимонот се однесува како антиперспирант, односно ги затвара порите, но не е пожелно да се користи на подолго време. Силната лимонска киселина е агресивна за кожата и може да предизвика црвенило и иритација, особено на подрачјата кои што често се третираат со бричеви.