Комбинација од минимум 2000 долари – Лила се пофали дури со три модни додатоци од познатата италијанска модна куќа
Сите три парчиња се со потписот на Гучи
Модните додатоци со потписот на познатиот италијански дизајнерски бренд можат да си ги дозволат само ретки среќнички, иако за нив сонуваат многу жени. Но една позната Македонка на Инстаграм не ретко објавува фотографии на кои носи парчиња од познатата модна куќа, а на една од последните се пофали со комбинација на кои носи дури три модни додатоци од овој бренд, па многумина се прашуваат уште колку ли само „крие“ во своите плакари.
https://www.instagram.com/p/BhEzd3yguY_/?taken-by=lilafilipovska
Таа има и папучи од истиот бренд!
Имено, Лила Филиповска на Инстаграм се пофали со комбинација во која малата црна кожена чантичка одлично ја носи со тесни црни фармерки и црно сако. Таа целата комбинација ја заокружи со тренди црвени папучи и ремен од истиот бренд кои исто така се во тренд во последно време.
https://www.instagram.com/p/Bg_u47hA8fT/?taken-by=lilafilipovska
Ако земеме во предвид дека оригиналните чанти од Гучи можат да достигнат цена и до неколку илјади долари, додека ременот и чевлите заедно околу 1000 $, слободно можеме да кажеме дека Лила за ова издание потрошила минимум 2000 долари (па дури и да ги купила моделите на попуст).