Нема да ви се верува колку чинат патиките што ги носи Лила Филиповска

Ова се едни од најпопуларните патики за оваа сезона. Во прашање е унисекс модел, со едноставен минималистички крој, кој радо го носат и мажи и жени. Најчесто доаѓа во бела боја со дискретен детаљ на задниот дел во впечатлива нијанса, но достапни се и во црна варијанта со бел ѓон.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Белите патики се популарни веќе неколку сезони, а според најпознатите модни магазини моделот од модната куќа Александар Меквин важи за еден од најбараните меѓу познатите трендсетерки. Во прашање се патики какви досега „фураа“ девојките како Џенифер Лопез, Гвинет Палтроу и Кејти Холмс, а ист таков модел, со златен детаљ на задниот дел има и нашата позната водителка Лила Филиповска.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Овие патики прв пат се појавија во 2016 година, но поради огромната побарувачка нивната цена се уште не е спуштена и можат да се најдат од 400 до 1000 долари.

ADVERTISEMENT

Фото: thebusinessfashion.co.uk

Моделот што го носи Лила изнесува 360 фунти и истиот можете да го порачате од „thebusinessfashion.co.uk“

Facebook Comments
(Visited 6.993 times, 5 visits today)