Нашата позната водителка во костим за капење ги распамети сите –ПОГЛЕДНЕТЕ, и во шестата деценија изгледа беспрекорно!
Нејзиниот шарм и овој пат никого не остави рамнодушен…
Од објавите што Лила Филиповска ги сподели на Инстаграм можеме да видиме дека одлично си поминува на ова свое патување, а фановите посебно ги изненади со своето последно издание…
Лила Филиповска која важи за една од нашите омилени и најпознати водителки ги спакува куферите и замина за Јордан.
Таа реши малку да ги „наполни батериите“, а покрај посетата на главниот град таа посети и многу други знаменитости.
Па така таа меѓу другото на ова свое посебно патување реши да се крсти во реката Јордан, каде и Јован Крстител го крстел Исус Христос, а со свечениот чин ги изненади своите фанови на социјалните мрежи.
Облечена во бела наметка која е задолжителна за оние што сакаат да влезат во реката и да се крстат, таа го прими свечениот чин.
„Никогаш посреќна ,никогаш поблиску до бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов“, напиша Лила по крштевањето во реката Јордан.
По светото крштевање таа заедно со своите пријателки со кои е заедно на ова патување беше да го посети и Мpтвото Море.
Од нејзините објави можеме да видиме дека сјајно си поминува, а фановите посебно ги изненади следната фотографија.
Имено, водителката позираше во црн едноделен костим за капење, во кој изгледаше подобро од кога било досега.
Лила потоа објави и неколку снимки од волшебниот древен град Петра кој е познат по градби изделкани во карпи.
Како Лила уживаше на ова свое патување, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска