Нашата најопуларна водителка Лила Филиповска е хедонист, таа посетила многу држави во светот и секогаш кога патува ги споделува своите доживувања од некоја непозната земја.
Овој пат Лила ги спакува куферите и замина прекуокеaнски. Водителката е на одмор во Виетнам и од таму споделува многу интересни фотографии и видеа.
Азиската култура, начин на живот се разликува многу од кај нас, па така Лила има што да види.
Со пријателите на социјалните мрежи таа споделува моменти од патувањето.
Искуството да се прошеташ на познатиот Golden bridge е сигурно фенеоменално чувство. Водителката на оваа објава напишала.
Јас шетам по облаците, ме држат рацете на Голден мостот. Ремек-дело во Виетнам! – напиша водителката.
Еве како изгледа од птичја перспектива овој популарен мост.
Таа убаво си поминала и во Coconut Village. Ова е едно од најпривлечните места за туристите. Погледнете како изгледа и ставете го на листата на вашите следни патувања.
Бидејќи деновиве Лила живее на крузер споделува искуство и како купуваат на намирници.
Еве како изгледаат мобилните маркети во Виетнам.
Нашата водителка ужива и прекрасно и годи Азија. Погледнете ја како изгледа на оваа фотографија.