CelebrityНаши ѕвезди

Лила Филиповска со потресно сеќавање за најтешката борба – „Само тебе ти дозволив…“

Advertisement

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска повторно проговори за тешкиот период низ кој помина – борбата со ракот на дојка.

Во трогателна објава на социјалните мрежи, таа откри што морала да направи во моментите кога се соочувала со болеста, посветувајќи посебна благодарност на својот долгогодишен пријател и стилист Зоки Давитков.

Advertisement

„Тебе ти дозволив да ја скратиш мојата коса кога немавме друг избор. Не дозволи да правиме драма од тоа туку смислуваше фризури и правеше сѐ да ми биде полесно. И ми беше! Покажа грижа, поддршка и разбирање во секој поглед. Ова е приказна за доверба, благодарност и пријателство што ќе трае… фала ти драг мој Зоки Давитков“, напиша Лила, споделувајќи фотографија со познатиот стилист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Филиповска објави и нова, смела фотосесија со Давитков, покажувајќи дека и на 54 години зрачи со самодоверба и фантастичен изглед.

Во својата порака, Лила повторно ги повика жените да не ја потценуваат превенцијата и да ги прават редовните прегледи, потсетувајќи дека ранo откривање може да спаси живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button