Огласи
БизнисИнтервјуКариера
COVER STORY

Лидерство со визија: Лилјана Секуловска за жените во бизнисот и успехот на Concentrix

Како Site Director на Concentrix Македонија, Лилјана Секуловска е пример за храбро и визионерско лидерство. Со долгогодишно искуство во корпоративниот свет и посветеност на градење силни тимови, таа го предводи развојот на деловната сцена не само во земјава, туку и на Балканот, и пошироко.

advertisement
advert

Во светот на големите корпоративни играчи, каде што успехот се мери во влијание и резултати, Лилјана Секуловска е име што инспирира. Со дваесетгодишно професионално искуство и богата кариера која се протега низ различни индустрии, таа денес стои на чело на Concentrix Македонија, а нејзината лидерска визија ги обликува и пазарите во регионот, и пошироко.

фото – приватна архива

Со академска основа во германистика и правни науки, но и со извонредна способност да управува со големи тимови, Секуловска својата кариера ја градела преку предизвици, раст и адаптација. Од воспоставување на компанија од само осум вработени до создавање тим со 240 професионалци во пет земји, нејзиниот пристап кон лидерството ја издвојува како една од најпочитуваните жени во бизнисот во регионот.

Во моментов Секуловска е на позицијата Site Director/Country Director за Македонија, но, исто така, дел е од бордот на директори на групацијата Concentrix Balkan (Македонија, Србија, БиХ и Косово).

реклама

Во ова интервју, Секуловска зборува за своите клучни искуства, принципите што ја водат како лидер, предизвиците за жените во корпоративниот свет, но споделува и совети за младите професионалци кои сакаат да изградат успешна кариера.

ПРАШАЊЕ: За почеток, можете ли да ни кажете накусо за Вашата професионална позадина, за претходните искуства кои, гледано од денешна дистанца, придонесоа за Вашиот сегашен успех?

– Годинава одбележувам 20 години работно искуство и можам да кажам дека моето професионално искуство е доста шаренолико, не само од аспект на образование, туку и од аспект на мојот професионален раст и развој.

По професија сум дипломиран филолог по германистика и магистер по правни науки.

Марpкетинг

Од денешна дистанца последните 10 години се оние кои ме дефинираа и како личност и како професионалец. Тоа е период во кој јас интензивно работам за странски компании во нашата земја, каде што учествувам во самото основање и поставување на нова бизнис средина и компаниска култура во повеќе индустрии.

Првпат стапнав на лидерска позиција со основањето на една холандска компанија за консалтинг и регрутациски услуги, кадешто со тимови од Македонија работевме за едни од најпознатите технолошки компании како Booking.com, Allianz, HelloFresh, Zalando…

Започнавме со мала екипа од 8 колеги во Македонија и за 5 години изградивме тим од околу 240 вработени во 5 земји. Во тој раст покрај тоа што бев Country Lead за Македонија, истовремено работев и како Head of HR за нашите канцеларии во Амстердам, Лондон, Берлин, Будимпешта и Белград. Ова беше огромно искуство и школо за мене, бидеќи секојдневно работевме и учевме од нашите клиенти и нивните предизвици.

Човечки ресурси е моја голема пасија и последните години бев и дел од HR академијата на Браинстер, каде што можев да го споделам своето искуство како инструктор, врз база на искуството добиено од соработката со светски познати компании од Европа и од светот.

Тетово, Оpen days. Фото-приватна архива

После 6 години интензивен раст и развој во мошне динамична и брзорастечка средина, почувствував потреба да се обидам со нешто ново и да видам како моето искуство ќе функционира во глобална корпорација.

Затоа, пред повеќе од 2 години, станав дел од Concentrix, една од најголемите ВРО компании во светот со преку 500.000 вработени.

Во моментов сум на позицијата Site Director/Country Director за Македонија, но исто така сум дел од бордот на директори на групацијата Concentrix Balkan (Македонија, Србија, БиХ и Косово).

Затоа и мојата позиција не е ограничена само во Македонија, туку дел од моите проекти за германскиот пазар, ги покривам со тимови во Косово и Србија, затоа сум и многу често на релација Скопје, Приштина, Белград.

Можам да кажам дека најголем импакт на мојот професионален развој е искуството и лекциите од соработката со многуте странски компании со кои имав прилика да работам како клиенти и како колеги.

epp

Секој нов проект, секој нов клиент, секој нов предизвик беше големо школо само за себе. Искуство што ниедна платена едукација не може да ја пружи во тој размер.

Она што исто така научив е дека квалитетот и лидерството не познаваат граници. Може да живеете во Македонија и да се развивате и споредувате како лидер и експерт од која било друга европска земја.

ПРАШАЊЕ: Како го дефинирате лидерството и кои принципи ви помагаат во градењето успешен тим?

– Јас секогаш велам дека мојот начин на лидерство е типично женско лидерство, кое се базира на емпатија кон луѓето. За добро лидерство мора да постои обострана доверба и отворена комуникација. Најважно за мене e тимот да биде мотивиран, поддржан и да добие можност да продолжи со кариерниот развој.

Искуството во човечки ресурси ми помага многу во лидерството, за да поставиме цели за професионален развој и да ги реализираме во текот на годината.

ПРАШАЊЕ: Секоја деловна жена има некои клучни моменти кои го обликуваат нејзинот пристап кон работата. Која е најважната лекција која ја научивте како лидер и како ја применувате денес?

– Она што го сметам за свој заштитен знак во мојот пристап на работа по кој ме препознаваат не само моите колеги во Македонија, на Балканот, туку и во DACH регионот е мојот позитивен комуникациски стил.

epp2
фото-приватна архива

Научив дека најмоќната алатка во лидерството е добрата комуникација и транспарентост во работата. Не случајно велат: Hire for attitude, train for skills.

Со позитивен пристап и can-do attitude, нема препрека која не може да се премости. Сите конфликти кои настанале во работата со тимот, менаџментот или клиентот, биле резултат на недоволно јасна и транспарентна комуникација.

Ако се споредам со моите колеги од Балканот, јас сум директор со најмало оперативно искуство во БПО индустријата, но ги постигнувам истите резултати благодарение на моите people skills, што се гледа и од аспект на задоволството на вработените.

CNX Македонија има секоја година највисок рејтинг на задоволство на вработени на ниво на DACH. (CNX Balkan е дел и фирма ќерка на CNX DACH).

ПРАШАЊЕ: Како гледате на растот на жените во ВРО индустријата, кои се најголемите предизвици и можности со кои се соочуваат жените кои сакаат да изградат кариера во оваа област?

– Можам да кажам дека нема некоја посебна разлика во однос на други индустрии и нема поделба на женски, машки позиции. Има неограничени можности за кариерен развој во секоја област, бидејќи покрај нашата основна дејност за корисничка поддршка и усовршување на јазичните вештини, тука има и глобален тим за поддршка во однос на тренинзи, квалитет, маркетинг, финансии, човечки ресурси, операции, менаџирање на клиенти итн.

Разликата е само во тоа дека работиме со строго дефинирани KPIs, лимитирано време, а високи таргети, големи странски клиенти, работно време во смени… што само по себе ја прави работата прилично стресна.

Можеби не е за секого, но за оние што бараат предизвици, дефинитивно одлична област за реализација на кариера.

ПРАШАЊЕ:  Што за вас значи видливоста на жените во деловниот свет, и како Concentrix ја поддржува оваа важна иницијатива?

– Јас сум голем поборник за еднаквост и видливост на жените во деловниот свет. Меѓутоа во таа желба за еднаквост и видливост, не треба да заборавиме дека треба да се избере најдобриот, без разлика дали е жена или маж.

Ако зборуваме за бизнис решение, во бизнисот секогаш го бараме најдобриот кој има потенцијал да не донесе до успехот. Не сметам дека жените треба да имаат поголема видливост или некаква попустливост, само затоа што се жени, туку истата треба да биде заслужена.

Она што мене ме фасцинира е фактот дека менаџментот на нашата групација Concentrix Balkan, претежно сме жени лидери. Доказ дека женското лидерство е двигател на промени и успех и дека, не само што сме видени и слушнати, туку сме и поддржани од страна на компанијата.

Довербата што ни е дадена да ги водиме нашите земји и проекти, е најголема иницијатива и поддршка што може да ни ја дадат. Особено големо внимание и почит добиваме од нашите колеги и менаџментот во Германија, кои сметаат дека условите и можностите за жените на Балканот се ограничени во споредба со Германија и дека секоја од нас целосно заслужено се има изборено за својата позиција.

фото-приватна архива

ПРАШАЊЕ: Што сметате дека ни недостасува во Македонија, во обуките и поддршката за жените кои сакаат да бидат дел од деловниот свет?

– Да се биде дел од деловниот свет, не е нешто што некој може да ти го даде на послужавник како обука или како држава. Затоа не би ја префрлила вината дека нешто недостасува во Македонија во однос на дополнителни обуки. Напротив, денеска има толку многу странски компании и инвестиции во Македонија (што не беше случај пред 15-20 години), кадешто секој може да добие шанса да ги направи своите први чекори. Особено после ковидот, се отворија многу врати за онлајн соработка со компании од целиот свет.

Но, повторно ќе кажам, никој нема да те повика од дома. Тоа е индивидуален повик, колку ќе се вложиш сам себе како поединец, колку ќе инвестираш во својата надградба и искуство, толку ќе се врати. Тука се бориш и докажуваш сам.

ПРАШАЊЕ: Каков е односот кон жените-лидери и воопшто кон успешните жени во Македонија? И што мислите, дали сме родово сензитивни?

Од мое лично искуство во индустриите во кои јас делувам, не можам да кажам дека сме поинаку третирани, ниту дека сме родово сензитивни. Секој си настапува и се докажува со своите вештини и искуство и си го наоѓа своето место, без разлика на родова припадност. Тоа е добрата страна на градење кариера во странски компании, каде што нема простор за непотизам, политички игри или било какви родови, верски или друг тип на предрасуди. Знаеш дека си одбран бидејќи знаеш и можеш, а другите што сакаат нека мислат.

Она што треба да се подобриме, ние во Македонија, е да знаеме самите да се поддржуваме и охрабруваме како жени и мајки. Да се цениме и да си подаваме рака и поддршка една на друга, да не се гледаме како конкуренција. За жал, моето негативно искуство во деловниот свет е поврзано со жени лидери, кои до ден денеска ми се лекција за тоа како НЕ треба!

ПРАШАЊЕ:  Што би им препорачале на младите жени кои се обидуваат да ја изградат својата кариера?

– Мојата препорака за младите жени и генерално за младите луѓе е да си постават јасна цел и да се посветат на квалитет и собирање на што е можно повеќе искуство од повеќе компании и различни индустрии. Да бидат многу љубопитни и да бидат во потрага по постојано усовршување.

Учењето не завршува со завршување на факултетот, напротив допрва почнува. Да бираат компании каде што можат да стекнат релевантно искуство и каде што сакаат да се развиваат како професионалци, независно ако во моментот нема звучна титула или идеална плата.

Ништо не учиме ако избегаме од првиот пораз или предизвик. Комфорната зона е нешто што треба да биде знак дека е време за промени и ново искуство. Мала домашна фирма треба да биде само привремена станица за влез на пазарот на трудот, но не и долгорочна дестинација.

Разноличното искуство стекнато во повеќе компании, со различни големини и различни индустрии, на долг рок ќе донесе и повеќе можности, титула и плата како награда и потврда за добро изоден пат.

Бирајте го потешкиот пат до успехот, бидејќи најмногу се учи од проблеми и грешки. Не се станува лидер ако работата е песна, и секој ден е ист како претходниот. Лидер се станува кога ќе се помине долг и трнлив пат полн со предизвици.

ПРАШАЊЕ: Кои се Вашите приоритети како успешна деловна жена?

– Морам да кажам дека сум голем „воркохолик“ и дека најголемиот приоритет е секогаш работата, патувањата и таргетите кои треба да ги остварам, но единственото нешто што е секогаш на прво место е мојот син, кој има 12 години.

фото-приватна архива

За да можеш да се дефинираш како успешен човек, треба да бидеш и успешен родител. Јас пред повеќе од една година, станав самохрана мајка и се обидувам да играм улога на два родитела. Не е воопшто лесно, доста сум отсутна од дома, но сметам дека е многу важно за мојот син да има добар пример за работна навика, работна етика и трудољубивост.

Детето треба да расте по пример на родителите и јас сум горда мајка, бидејќи син ми овој месец се натпреварува на државни натпревари по три предмети.

Но, тука не можам да бидам нескромна, и морам да дадам признание дека голема помош и поддршка добивам од родителите од двете страни, кои несебично ми помагаат во балансирањето и остварувањето, не само на моите професионални, туки и приватни цели и приоритети во однос на детето.

ПРАШАЊЕ: Како се релаксирате и каде ја црпите енергијата за секојдневието?

– Ако зборуваме за секојдневна релаксација, тогаш морам да кажам дека прошетките со моето куче ми помагаат да се релаксирам. Знам дека, и да врне и да вее, трипати во денот ќе излезам да пешачам, да слушам музика, да си направам ретроспектива на денот сама со себе, и да си афирмирам позитивни мисли за сите убави работи што сакам да ми се случат.

А најголемо задоволство и релаксација ми се викедните и патувањата со син ми. Последниве неколку години ја користам секоја прилика да отидам на некоја европска дестинација заедно со мојот син, да уживаме во прошетки, плажи, локална храна, да посетиме музеј, концерт… Да му го покажам светот и можностите надвор од нашиот мал роден град, за да се стреми и сонува за поголеми работи во животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button