Јарците се земјен хороскопски знак кој секогаш е со нозете на земја. Сака да започнува работи, но секогаш до себе има некој на кој може да се потпре за да ги оствари своите цели.
Јарците се упорни и амбициозни и кога нешто ќе зацртат, тоа мора да и го остварат. Не поднесуваат несериозност и не работат со такви соработници. Кога на работа имаат некои потешкотии, преминуваат преку секоја препрека, затоа што не е во нивниот карактер да се откажат. За нив откажувањето е пораз.
Јарците се личности од збор и на нив секогаш можете да се потпрете. Тука се за своите пријатели и никогаш не ги изневеруваат другите. Кога нешто ќе ветат – тоа и ќе го исполнат. Секогаш се тука, и кога е тешко и кога е убаво. Во суштина имаат мал број пријатели, но тоа се пријатели за цел живот. Сакаат долги врски и никогаш не помислуваат да го изневерат партнерот/партнерката. Понекогаш изгледа како врската да им е работа или некој проект. Не сакаат да дават лажна надеж, но и не толерираат ако некој се однесува неодлучно. Многу се посветени и сакаат сериозност, како во врската, така и во бракот.
Јарците имаат свои планови до кои принципиелно се придржуваат и сакаат се’ да им биде навремено завршено. Многу се одговорни и вредни, а и лесно доаѓаат до решенија за сите проблеми. Успеваат да им помогнат на колегите, па затоа најчесто се на позиција на надредени. Речиси никогаш не доцнат на работа.