Вагите се весели и позитивни луѓе, но под таа маска се крие ладен и бистар ум. Тие секогаш ќе ви го кажат она што го мислат , а понекогаш дури и ќе претерат во своите забелешки.
Вагата е позната по нејзината особина да „мери“ кој е подобар избор меѓу две опции и овој процес на одлучување може да потрае подолго време, сè додека не ја донесе вистинската одлука. Во тој контекст, брзото одлучување е тешка задача за нив.
Друга особина на Вагите е нивното верување дека се секогаш во право. Така размислуваат бидејќи секогаш внимателно ги разгледуваат аспектите на ситуациите и нивното внатрешно чувство на праведност „им кажува“ дека се во право. Дали е тоа навистина така? Најверојатно не е, но не обидувајте се да се карате со Вага. Ако се спротивставите, тоа ќе ве доведе само до една исцрпувачка дискусија, во која на крајот тотално разлутени ќе морате да се предадете.