Патувања

Летување без дупка во џебот – еве колку нѐ чинеше уживањето на црногорското крајбрежје

Цените на храна, сместување и услуги на плажа во Црна Гора годинава изненадуваат - погледнете каде може да уживате со мал буџет, без да се откажете од убавото море, вкусната храна и чистите плажи.

Advertisement

Црна Гора ова лето повторно се издигнува како една од ретките пристапни дестинации на Јадранот. Додека во Грција, Италија или Хрватска цените рушат рекорди, оваа балканска земја сè уште нуди пристоен летен одмор за семејства и поединци, по многу разумни цени.

принтскрин јутјуб

Цените на храна, пијалаци, лежалки и излети за ова лето се однесуваат на неколки црногорски крајбрежни градови: Будва, Бар, Улцињ, Херцег Нови и Тиват. Според нашите искуства, најприфатливи цени има во Улцињ и во делови од Бар, додека најскапо е во центарот на Будва и се разбира, околу Свети Стефан.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Еве колку за што треба да одвоите:

Појадок во ресторан: 5 до 9 евра

Мала пица: околу 10 евра

Кафе: 2 до 4 евра

Advertisement

Лимонада или свежо цеден сок: околу 4 евра

Сладолед (топка): 1 до 2 евра

Палачинки: од 2,5 евра

Ручек во ресторан (по лице): минимум 25 евра

Брза храна (бургери, гиро, сендвичи): од 7 евра

Комплет лежалки и чадор на плажа: 15 евра (поединачно: лежалка 6 евра, чадор 3 евра)

Изнајмување педалинка: 10 евра на час

Излети со брод: од 40 до 80 евра (во зависност од турата)

Сувенири – магнети: 2 евра

Крофни на плажа: 3 евра

принтскрин јутјуб

Каде е поевтино?

Улцињ и Бар се најповолни кога станува збор за храна и сместување. Таму, дури и на главните плажи, цените за лежалка и чадор се пониски, а понудата на брза храна и пијалаци е разновидна и поевтина отколку во познатите делови на Будванската ривиера.

принтскрин јутјуб

Во Будва, како и во близина на Свети Стефан, цените се повисоки, особено во ресторани со поглед на море или во луксузни хотели. Сепак, и таму може да се најдат поевтини опции, ако се оддалечите неколку улици од центарот или ако користите локални маркети за храна.

Плажи што вреди да се посетат

Црногорското приморје нуди бескрајни можности за уживање, од урбани плажи до скриени заливи. Меѓу најубавите и најпосетените се Могрен, Јаз и Словенска плажа (Будва), познати по чиста вода и активен ноќен живот, во Бечиќи е фасцинантна четирикилометарската плажа, во Велики Пијесак и Чањ (Бар) – плажите се тивки, семејно ориентирани, со поволни цени за храна и пијалак. Плажите на Свети Стефан и Милочер се елегантни и впечатливи, но поскапи.

принтскрин јутјуб

Ако сакате да одморите покрај Јадранот, а да не влезете во минус, Црна Гора останува една од најдобрите опции за туристите од Македонија. Понудата е разновидна, а цените, иако се малку повисоки од лани, сè уште се далеку под оние во Хрватска или во Грција.

Планирајте на време, одберете помалку туристички места и бидете подготвени за лето полно со сонце, чисто море и нови искуства, без непријатни изненадувања во паричникот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button