Вага
За вистински да се опушти и одмори, потребно е вагата да постигне, чувствува и одржува рамнотежа. Доколку може да бира, попрво би отишла на некое фино место каде што луѓето живеат во склоп со природата.
Скорпија
Штом сонцето тргне да заоѓа, скорпиите се будат и тргнуваат во акција. Ноќите ги поминуваат без граници, имаат богат еротски живот, сакаат ноќни капења, играње до зори и заводливи погледи. Има и спортски типови кои ќе организираат одмор полн со предизвици. Тоа може да биде истражување на опасни предели во природата или рафтинг по брзи реки.
Стрелец
Стрелците се најдобрите консументи на „Last minute“ понуди на туристичките агенции, бидејќи не им е проблем веднаш да се одлучат кој аранжман ќе го одберат. Стрелецот ја сака и природата. Всушност, целиот свет е негов!
Јарец
Утринските прошетки по нерамните карпи крај морето или долго седење на истите додека медитира, дефинитивно ќе го освежат јарецот. Понекогаш сакаат да бидат сами и да ги слушаат звуците на природата, особено бранувањето на морето.
Хороскопот открива: кои мисли треба да ги следите за среќата да ви тропне на врата>>>
Сепак, доколку имаат семејство или барем партнер, ќе отидат на одмор заедно. Кога патуваат, сакаат да знаат каде одат, затоа обично добро се информирани пред да тргнат.
Водолија
Својот одмор сакаат да го поминат на некое место, за кое никој не слушнал, но е единствено на светот според некоја специфика. Доколку немаат прилика да отидат на некое уникатно место, тогаш ќе имаат тотално несекојдневен стил на одмор. Најчесто, станува збор за некое непредвидливо хоби. Оние кои се во друштво на водолијата, треба веднаш да се помират со низа изненадувања или ситуациии, кои ни на сон не би можеле да ги замислат. Водолијата ќе ги создаде тие униканти моменти.
Риби
Кога патуваат, најмногу им одговара патување со брод. На плажата ќе сакаат да собираат интересни камчиња или да градат кули од песок. Оние кои ќе останат дома во летниот период, слободното време ќе го поминат со далечинскиот управувач в рака, гледајќи романтична, информативна или спортска програма.
Сакате да испланирате совршена моминска вечер? Проверете што вели астрологијата за секој знак>>>
Сурфање на интернет, може да им претставува премногу напорна активност, бидејќи со вклучениот телевизор имаат можност и да дремнат. Ако во моментот го немаат она што им е потребно– летен одмор, рибите ќе го измислат во нивната бујна фантазија.