Без премногу мака и премногу трошоци, подгответе го овој вкусен класичен колач од врело млеко.
ФОТО: theterracekitchen.org
Потребни состојки:
4 јајца
2 чаши шеќер
екстракт од ванила
2 чаши брашно
2 лажички прашок за пециво
1 чаша млеко со 2% млечна маст
150 грама путер насечкан на коцкички
Начин на подготовка: Во еден голем сад ставете ги јајцата и мешајте со голема брзина, а потоа додајте го шеќерот, па продолжете да мешате додека смесата не стане пенеста. Потоа додајте екстракт од ванила (по вкус), а потоа измешајте ја смесата од брашно и прашок за пециво. На друга страна загрејте млеко и путер, додека не се стопи путерот. Потоа додајте го во веќе подготвената семса и мешајте додека не се спои. Во еден сад каде што претходно сте ставиле масло, ставете ја смесата и печете од 30 до 35 минути, на 180 степени, а готовиот колач оставете го да се олади.Н
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .