Лепа Брена изгледа 20 години помладо, а ова момче од Македонија е главен виновник за тоа?! (фото)
Брена никогаш не изгледала поубаво
Балканската фолк-дива Лепа Брена направи вистински спектакл во Софија, а многумина беа воодушевени и од нејзиниот изглед.
Пејачката иако пред само неколку недели наполни 64 години, се уште е во топ форма и плени каде и да се појави.
Впрочем тоа можевме да го видиме и сега, кога со својот нов имиџ и оваа преубава фризура доби бројни комплименти. На социјалните мрежи исплива и фотографија на која Брена е со познатиот македонски фризер Марјан Петров, направена непосредно пред нејзиниот настап.
Инстаграм/ Марјан Петров
Пејачката презадоволна од својот изглед позираше насмеана со фризерот, а нејзината фризура никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Марјан Петров
Таа добри бројни комплименти и на сметка на тоа како беше облечена, оставајќи ги сите без здив со ова свое издание.
„Изгледаш минимум 20 години помладо, ова е феноменално“, „Неверојатно“, „Прекрасна“, „Како некое девојче“, беа само некои од коментарите што балканската фолк-дива ги доби од фановите.
Инстаграм/ Марјан Петров
Инаку, Марјан Петров е еден од најпознатите македонски фризери кој разубавува многу дами како од нашата јавна сцена, така и од целиот Балкан. Но покрај тоа што Марјан се грижи за нивниот изглед, тој е и мошне близок со некои од најголемите ѕвезди во регионот, како на пр. пејачките Слаѓа Алегро и Јелена Томашевиќ, а близок е и со Лепа Брена на што укажува и неговата објава.
Инстаграм/ Марјан Петров
Марјан својата кариера како стилист ја започна на 17 годишна возраст во родното Мокриево, а сега го има еден од најлуксузните салони во Македонија, а очигледно поприлично е ценет и надвор од нашата земја (повеќе за Марјн прочитајте тука).
Инстаграм/ Марјан Петров
Како изгледаше новата фризура на Брена погледнете во галеријата, но и пишете ни во коментарите дали ви се допаѓа…