Лепа Брена го „шкртна“ семејството на Саша Поповиќ – како можеш да заборавиш кој те создаде?
Помина половина година од смртта на Саша Поповиќ, а пријателите на продуцентот и јавноста се во шок од дистанцата на Брена и Боба кои не дојдоа ниту на помен, ниту на домашниот праг на семејството Поповиќ.

Поминаа шест месеци од трагичната смрт на музичкиот продуцент и долгогодишен директор на „Гранд“, Саша Поповиќ. Човек кој остави неизбришлива трага во естрадата и кој за многумина беше симбол на верност, пријателство и бескрајна енергија. И токму затоа јавноста остана изненадена, па дури и разочарана, од однесувањето на неговата блиска пријателка и долгогодишна деловна партнерка, Лепа Брена, како и од нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ.
Иако беше очекувано да бидат први покрај семејството на Саша во најтешките моменти, тие изостанаа од сите помени. Брена и Боба не се појавија ниту на четириесетдневниот, ниту на шестмесечниот помен. Но, уште повеќе боли фактот што по погребот не го преминале ниту куќниот праг на семејството Поповиќ.

Молк што боли
Пријателите на Саша не го кријат своето разочарување од Брена. Многумина сведочат дека додека беше жив, секој барал негова помош, од совети, до поддршка и врски. Тој никогаш не одбивал никого. Сега, кога него го нема, неговото семејство останало осамено, пишуваат српските медиуми.
Еден од најблиските кумови и пријатели на Саша искрено призна дека најмногу го боли молкот:
„Кога беше жив, сите му ѕвонеа и му чукаа на врата. Сега, кога требаше барем да му оддадат почит, куќата му остана празна. Брена не се појави ниту еднаш, и тоа е нешто што тешко се заборава.“
Вдовицата Сузана Јовановиќ, и самата позната пејачка, стоички ја носи болката. Но, во приватните кругови признава дека не може да сфати зошто Брена се дистанцирала. Брена беше присутна на комеморацијата и на погребот, но потоа, однеднаш ја снема.
„Не знам зошто не дојде. Нејзино присуство ќе значеше многу, барем од почит. Саша тоа го заслужи, ако не заради семејството, тогаш заради нивното долгогодишно пријателство и бизнисот што го изградија заедно,“ вели Сузана пред блиските.

Публика што суди
Овој молк и отсуство од страна на Брена не остана незабележан во јавноста. Социјалните мрежи се преплавени со коментари од луѓе кои не можат да поверуваат дека токму Брена, која ја должи својата најголема слава и финансиски успех на партнерството со Поповиќ, не нашла време или можеби, сила, за да му оддаде почит.
„Тој ја издигна, а сега кога него го нема го заборави,“ пишуваат некои. Други пак прашуваат: „Како можеш да ја заборавиш фамилијата на човекот кој те создаде?“
Од партнерство до дистанца
Иронијата е уште поголема ако се потсетиме дека Саша Поповиќ и Лепа Брена заедно ја основаа „Гранд продукција“, проект кој од естрадата направи империја. Нивното партнерство важеше за едно од најуспешните во регионот. Заедно создадоа ѕвезди, отворија врати за многу млади таленти и поставија нови стандарди.
Затоа денес прашањето што најчесто се поставува е како една таква врска може да заврши во тишина и без објаснување зошто.