Реклама
Celebrity

Лепа Брена е спремна да стане баба: „Своите години не ги чувствувам, а помислата на внуче ми мами солзи радосници“

Реклама

Во наредните месеци Лепа Брена ќе има на што да се радува…

На Лепа Брена наредните месеци ѝ претстојат два големи концерти, но и раѓањето на синот на Филип и Александра. Лепа Брена открива: „Не ги чувствувам своите години, бидјеќи сум многу активна и се занимавам со работата, а за бабските приказни и не размислувам. Сепак, живееме во 21 век и тоа доста активно, ангажирани сме скоро до денот на раѓањето. Целата приказна околу внучето, навистина ми мами солзи радосници. Бескрајно сте среќни кога станувате свесни дека во тој природен тек настапува нова фаза во вашиот живот. Важно е сите да се живи и здрави и животот да се движи во некоја нормална, но позитинва насока“.

Маркетинг

На денот на одржувањето на првиот концерт, Брена ќе го прослави и својот 58-ми роденден. Таа ги откри своите желби.

„Имам многу приватни, онакви глупави желби. Единствена работа која ја сакам цел живот е да отидам на одмор во септември. Верувајте ми дека никогаш не сум отишла. Тоа на некој му е смешно и неверојатно. Секогаш размислувам да одам 10 дека некаде каде што не е премногу топло и нема гужва. Тоа да не биде некоја егзотична дестинација, туку некаде поблиску. Имам уште една желба, а тоа е да лебдам во безвоздушен простор. Кога ги гледате оние филмови и иде капка вода, тие лебдат и ја фаќаат во лет. Тоа ми е слатко и се надевам дека наскоро во Дизнленд ќе се појави и оваа глупост. Сакам да лебдам. Сѐ имам пробано, летав, пливав, возев авион, нуркав… само уште ова остана“.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button