Ленче Кукиќ ослабе неверојатни 20 килограми – Фолк ѕвездата изгледа непрепознатливо! (Фото)

Фолк-пејачката Ленче Кукиќ минува низ неверојатна трансформација – таа деновиве повторно ги изненади фановите со нова фотографија на која изгледа драстично променето и, како што велат многумина, подобро од кога било.
На најновата објава на социјалните мрежи, Ленче позира заедно со колегата Ташко Грујовски, брат на познатиот музичар Благоја Грујовски, а нејзиниот изглед веднаш стана тема на коментари.
Со значително послабена фигура, освежен стил и дискретна шминка, пејачката зрачи со самодоверба.

„Секогаш викам дека љубовта е најважното нешто. Ако ја има во секоја сфера – има и успех. И во музиката, и во бракот, и во животот. Ако пееш со љубов – тоа се чувствува“, изјави Ленче во едно интервју, зборувајќи за хармонијата со сопругот и колега Горан Кукиќ.
Инаку, нивниот син Иван Кукиќ исто така тргна по нивните стапки и денес свири во триото на Влатко Стефановски, со што семејството Кукиќ продолжува да го негува музичкиот дух.
Според блиски извори, Ленче во изминатата година ослабела околу 20 килограми, притоа воведувајќи нови здрави навики – секое утро започнува со чаша вода, појадува дури околу 10.30 часот, а избегнува да меша различни видови храна. Нејзиниот последен оброк е околу 17.30 часот.