Ленче и Горан Кукиќ никогаш не изгледала поубаво – популарната пејачката се појави и го украде шоуто
И двајцата имаа настапи за паметење

Брачниот пар повторно ги вопдушеви сите
Нашата позната фолк-пејачка и победничка во „Никогаш не е доцна“, Ленче Кукиќ, заедно со својот сопруг Горан Кукиќ, имаа генијален настапи на новиот фестивал Фолк-Фест Владимирово 2025.
Тие ја расположија публиката со нивните настапи, а Ленче ги воодушеви сите и посебно припадничките на понежниот пол со стајлингот.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Таа непосредно пред настапот сподели фотографии и на социјалните мрежи, па веднаш доби пофалби за својот изглед.
„Спремни за Фолк-фест Владимирово“, напиша Ленче во описот, а пофалби за својот изглед доби и нејзиниот партнер, Горан Кукиќ.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Потсетуваме., на 29 мај се одржа првото фестивалско ревијално издание на „Фолк Фест Владимирово“, фестивал чиј идеен творец и организатор е хармоникашот Горан Алачки.
Фејсбук/ Ленче Кукиќ
Станува збор за фестивал каков одамна недостасуваше на македонската фолк сцена, а на кој се појавија бројни еминентни уметници.
Покрај Горан и Ленче Кукиќ, настапија и Круме Спасовски, Жаклина Узунова, Благоја Грујовски, Нуам Петрески, Перо Христов, Ванчо Тарабунов и многу други реномирани пејачи од Македонија, а познатата фолк-пејачка Виданка Георгиевска отсуствуваше заради семејна трагедија (повеќе за ова прочитајте тука).