Нега и здравје

Лековитите својства на биберот: зелениот бибер е одличен за слабеење, а црниот ќе ви помогне да престанете да пушите

Advertisement

ЗЕЛЕНИОТ БИБЕР Е ОДЛИЧНО СРЕДСТВО ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Advertisement

Најновите истражувања покажуваат дека зелениот бибер помага во ослободувањето од вишокот килограми и постигнувањето на витка линија и тенка половина.

Желудечните сокови и ензими го забрзуваат варењето на храната, но најважно е лачењето на хидрохлорилната киселина која ги разградува мастите. Зелениот бибер содржи многу етерични масла кои ги топат длабинските маснотии и затоа многу често се користи во препаратите за отстранување на целулитот. Има силни антиоксидациски и противзапалителни својства и помага да се одржува холестеролот под контрола. Оттука, слободно вклучете го во секојдневната исхрана и уживајте во неговите благодети. Важно е да се напомене дека биберот треба рачно да се сомеле пред секоја употреба, за да не дојде до несакани ефекти. Внимавајте и каде го купувате затоа што биберот може да биде со различен квалитет и секогаш бирајте го оној со потешки, покрупни зрна кои треба да бидат во поправилен облик.

Advertisement

РЕЦЕПТИ СО БИБЕР

Рецепт за отежнато варење на храната

Прелијте 3 грама бибер во зрна со 1,5 dl врела вода, додадете малку нане заради подобар вкус, поклопете и оставете да отстои десетина минути. Потоа процедете и пијте два до три пати дневно.

Бел бибер за искашлување

Во една чајна лажичка природен мед од багрем додадете прстофат бел бибер и јадете 2-3 пати дневно во текот на 4-5 дена. На овој начин ќе се разгради и најгустиот секрет и ќе се олесни искашлувањето.

Масло од црн бибер против ревматски тегоби

Етеричното масло од црн бибер нанесено однадвор ги ублажува артритичните болки. Треба да го втриете на болните места два до три пати дневно.

Предупредување: Треба да внимавате да не претерате со консумацијата на белиот, црвениот, црниот и зелениот бибер. Посебно ако страдате од гастритис, чир на желудникот или хемороиди најдобро ќе биде да го избегнувате и воопшто да консумирате слабо зачинета, блага и пХ неутрална храна.

Извор: Doznajemo.com/dijetamesecevemene.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button