Нега и здравје

Лековитите својства на биберот: зелениот бибер е одличен за слабеење, а црниот ќе ви помогне да престанете да пушите

Advertisement

Биберот, кој се јавува како зелен, бел или црн, е еден од најпознатите зачини кој се употребува скоро илјада години наназад. Во минатото бил толку скапоцен што древните трговци го користеле како платежно средство наместо пари.

Advertisement

Во народната медицина биберот има широка примена бидејќи има позитивни ефекти кај низа состојби и заболувања како покачена телесна температура, запаление на грлото, мачнини, вртоглавица, отежнато мокрење, реума и артритис.

Резултатите од многубројните научни студии покажуваат дека вдишувањето на пареа од црн бибер ќе ви помогне полесно да ги оставите цигарите. Биберот успешно ја намалува нервозата, го намалува стресот и помага при несоница, го подобрува памтењето и ја зголемува концентрацијата, и исто така и ги зајакнува нервите.

Различните видови бибер зависат од времето на бербата и начинот на преработка, и иако постојат над 2000 видови на бибер, најчесто се застапени четири: црн, бел, црвен и зелен. Белиот и црниот бибер се добиваат од иста билка. Црниот се бере додека сеуште не созреал, или непосредно пред да созрее, и потоа се суши на сонце да стане црн и тврд. 

Advertisement

За белиот бибер се берат зрели плодови кои потоа се закиснуваат за да може да се извади лушпата, а потоа се сушат. Зелениот исто така се бере пред зреење, се потопува во солена вода, а потоа се супи на високи температури и се замрзнува за да ја задржи бојата. Црвениот бибер претставува целосно зрел, неизлупен плод, кој се преработува исто како и зелениот за да ја зачува бојата. Се препорачува биберот да се меле со мали рачни млинови бидејќи така најдобро ќе се зачува аромата. Најароматичен е зелениот бибер, а најлут е црниот.

Биберот содржи етерични масла, алкалоид пиперин, потоа скроб, смола и малку масло. Црниот и зелениот бибер го поттикнуваат создавањето на ензимите за варење во надбубрежната жлезда со што го олеснуваат варењето, ја подобруваат циркулацијата, имаат поволно дејство на импотенцијата кај претставниците на посилниот пол и фригидноста кај дамите, ги ублажуваат реумата и артритисот, како и грчевите во мускулите.

Маслото од црн бибер може да се мачка надворешно при болки во зглобовите, но исто така помага и во лекувањето на акни, а се користи и за затегнување на кожата и намалување на целулитот. Зелениот бибер пак, го поттикнува организмот подобро да го апсорбира витаминот Б – бета каротен и останатите хранливи материи. Содржи и фитохемикалии кои делуваат како антиоксиданси така што е одличен во борбата против слободните радикали и помага во превенцијата на болести. Не дозволува водата да се задржува во организмот така што го поттикнува организмот на потење и на редовно празнење на бешиката.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button