Реклама
Нега и здравје

Невен – природен лек за ПМС и мелем за рани

Реклама

Уште од дамнешни времиња, невенот е познат лек за многу болести на кожата и органите за варење, па така и денес се смета за важно лековито растение.

Маркетинг

Овој преубав цвет има разгрането право и влакнесто стебло, долги листови и портокалово – жолти цветови. Расте и се одгледува во бавчи и градини, но може да се најде и покрај патиштата.

Цветовите на невенот се берат во јуни и јули, а се сушат на топло и осветлено место. Кога ги собирате, бирајте ги оние што се подебели и со силно портокалова боја.

Зошто е лековит?

Маркетинг

Благодарение на богатата содржина на флавонид, каротиноид, сапонин, полисахарид и етерични масла, невенот се смета за скоро универзално средство за решавање на кожните проблеми.

За припрема на лековити напивки и мелем, обично се користат листовите, бидејќи содржат во изобилство етерично масло, танин, шеќер, ликопен, протеини, календулином, минерали, калиум и сумпор.

Што лечи?

Во народната медицина невенот делува така што го намалува потењето, ги зајакнува лачењето на урината, ги смирува грчевите во цревата, желудникот и глатките мускули, а поволно делува и на воведувањето рамнотежа во месечниот циклус кај жените. Ги лечи болестите на нервите, желудникот, црниот дроб и жолчката, а најделотворно делува при третман за заболувања на кожата.

 Проверени рецепти 

Чај за ублажување на ПМС-от

Два цвета невен прелијте ги со два децилитра врела вода и оставете ја да постои пола час. Процедете го чајот и пијте го три пати дневно после јадење.

Тинктура за убава кожа

Цветовите од невенот полијте ги со алкохол или маслиново масло, во размер 1 : 5. значи, на 10 гр. невен оди 50 гр. масло или алкохол.

Чувајте ја тинктурата на топло место три недели, потоа процедете ја и секојдневно мачкајте ги проблематичните места. Тинктурата од масло се применува за декубитис, а алкохолот за воспаленија.

Чај за исфрлање на течности

Помешајте исти количини на невен, липа, црн слез и лаванда. Две лажици од мешавината полијте ги со две чаши врела вода, па оставете да постои околу 5 минути, процедете ја и пијте ја два пати дневно.

Маст за рани

Во поголем сад, на топла рингла, измешајте шолја свежо исцеден сок од листови и цветови од невен, со две шолји несолени домашни масти, кои претходно сте ги испрале девет пати! Кога ќе се олади и му се истисне водата, ставете ја маста на платнена крпа, намачкајте ја раната или чирот, покријте ја со мала вата и целото место прицврстете го со завој или фластер.  

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button