Нега и здравјеПатувања

Лековита бања со багатела цени на само 1 час од Скопје – чудесна вода, кал и гас против болки и за „бајче“ нерви

Ретко кој чул за неа, но таа е бисер на југот на Србија, оддалечена од македонската престолнина на само еден час. Богата е со природни извори, а нуди современи терапии и уникатни локални вкусови по пристојни цени. 

Advertisement

Многу туристи и љубители на бањите сè уште не чуле за Бујановачка Бања, која се наоѓа на само 13 километри од Врање и во непосредна близина на градот Бујановац, Србија.

Сместена на надморска височина од 400 метри во долината на Јужна Морава, ова лекувалиште е вистинска дестинација за оние кои бараат природни лековити ресурси, релаксација и современи медицински третмани.

Advertisement

Бањата е позната по својата лековита вода, вулканска кал и гас CO₂, кои се користат за третман на широк спектар на здравствени проблеми. Тие се ефикасни за лекување на реуматски и дегенеративни болести, како хроничен реуматизам, артроза, спондилоза, болки во грбот, во зглобови и дископатија, помага во лекување на лекува дегенеративни промени во мускулите и тетивите, воспалителен артритис, стадиуми на ремисија, понатаму, лекува кожни заболувања (егзема, псоријаза, акни и други хронични состојби на кожата), но позната е и по чудесното дејство за оние кои имаат гинеколошки проблеми, од менструални болки, состојби по породување и други женски здравствени проблеми.

фото фејсбук/бујановачка бања

Многумина се сведоци дека оттаму се враќаат мирни и дека спијат како „бајче“, зашто третманите помагаат за отстранување на невролошките нарушувања, како болки во нервите, ишијалгија, периферни и последици од повреди на нервниот систем.

Освен тоа, во Центарот за рехабилитација на бањата се нудат и третмани за после повреди и операции: рехабилитација на крвни садови, закрепнување на мускулите и зглобовите, намалување на болката и подобрување на подвижноста.

Advertisement

Да не зборуваме за општата релаксација и детоксикација, од подобрување на циркулацијата, намалување на стресот, подобрување на тонусот на кожата и мускулите.

Во бањата се нудат хидротерапија, подводна масажа, палеоидна терапија, гасна терапија со поткожни инјекции, електротерапија, кинези терапија, сауна и мануелна масажа.

фото принтскрин јутјуб

Секој третман е прилагоден индивидуално од специјалист за најдобри резултати, а комбинацијата на различни методи помага за целосно закрепнување и подобрување на здравјето.

Цените за дневен одмор во бањата се навистина пристојни. Дневен одмор, од 10 до 18 часот, чини само 950 денари, болнички ден со терапија и полупансион чини неверојатни 2.315 денари, а со терапија и со полн пансион околу 2900 денари.

Овие цени ја прават Бујановачка Бања достапна и економична опција за сите кои сакаат да уживаат во природните лековити ресурси и да се опуштат во мирна, природна и волшебно убава средина.

фото принтскрин јутјуб

Околината на Бујановачка Бања нуди многу можности за излети и културни активности. Манастирот Свети Прохор Пчињски од 11 век е историска атракција, сместен во живописна шума и планински предел.

Археолошките локалитети од средниот век нудат увид во богата историја на регионот, додека планината Рујан е одлична за прошетки, велосипедизам и уживање во природата. Прекрасната долина на Пчиња нуди мирни патеки, езерца и места за пикник, а љубителите на фотографија ќе уживаат во пејзажите со зелени падини и планински врвови.

Манастир Св.Прохор Пчињски, фото фејсбук

Гурманите ќе уживаат во автентични локални специјалитети. Местата околу Бањата се познати по јадења како печено месо на скара, традиционални сарми, домашен кајмак, сирења и урда, како и свежо приготвени јадења со локален зеленчук и билки.

Во рестораните и гостилниците можат да се пробаат и локални десерти како баклава и мед од планината Рујан. За љубителите на вино, регионот нуди домашни вина и ракија направена од локални овошја.

Бујановачка Бања е лесно достапна преку автопатот Е-10 кој го поврзува Белград со Скопје. Од Скопје е околу еден час возење, што ја прави совршена дестинација за еднодневен или викенд излет.

Посетителите можат да уживаат во лековитата вода и кал, да се релаксираат во бањата, да ја истражуваат природата, да ја почувствуваат историјата и да уживаат во локалната кујна.

Накусо, оваа бања е скриено богатство на југот на Србија кое вреди да се посети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button