Реклама
Нега и здравје

Листа на лекови кои треба да ги понесете на летниот одмор

Реклама

Кога одиме на летен одмор, покрај костимот за капење и млекото за сончање, како задолжителна опрема мораме да понесеме и прирачна аптека.

Бидејќи никогаш не знаеме што може да се случи за време на тие 10-тина дена, во неа мора да се најдат лекови за симнување на температура, лекови против болка, маст против алергија, пробиотици…

Маркетинг

При пакување на куферите, многумина земаат на брзина само два-три лека, а често се испоставува дека недостасува баш тоа што ни е потребно. Лекарите советуваат што точно треба да понесеме, па затоа пред да тргнете проверете го овој список:

1. Лекови за симнување на температура, заедно со лековите против болки треба да ви бидат први на список. 2. Алергиите се честа појава на море, дури и кај оние кои никогаш претходно немале алергиска реакција на сонце или на одредени намирници. Покрај таблетите, задолжително понесете и маст против алергија, која ќе ви помогне и кај убодите од инсекти и медузи. 3. Морската вода ги отпушува синусите, но како што секретот се слева, доаѓа до запушување на носот кај лицата кои имаат проблеми со синусите. Затоа, треба да понесете капки и спреј за грло, затоа што секретот во комбинација со солената вода може да ја иритира слузокожата. 4. Дијареата може да се јави заради промена на храна, клима, па дури и ладната вода, а не само заради бактерии и вируси. Задолжително спакувајте пробиотици, кои ја регулираат цревната флора.

Маркетинг

Педијатрите ги советуваат родителите на малите деца, за секој случај, да понесат и препарати кои помагаат кај инфекции на очите и ушите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button