Реклама
MAMAКафе муабет

Генијална мајка го воодушеви светот: Лекцијата која му ја прочитала на нејзиниот 13-годишен син треба секој да ја знае!

Реклама

Сите родители чиишто деца пораснале или моментално се наоѓаат во тинејџерските години, знаат колку тоа може да биде стресно и напорно, а децата тврдоглави и полни со некакви барања. Тоа е време кога тие сѐ би дале за да пораснат одеднаш и да не ги контролираат нивните родители.

Низ иста ситуација поминала и Австралијалнката Естел Хевишем. Имено, нејзиниот син Арон кој има 13 години започнал да води свој канал на YouTube и преку него почнал сам да заработува пари. Со голема гордост ѝ соопштил на неговата мајка дека сега е самостоен, а во кавгата која следила, истакнал дека тој сам заработува и дека неговата мајка повеќе нема право да го контролира и да му одредува што ќе прави. Наместо да ја продолжи кавгата или да го казни детето, Естел добила една генијална идеја, па на син ѝ му напишала едно кратко писмо кое ви го пренесуваме во продолжение.

Маркетинг

„Драг Арон, со оглед на тоа што заборави дека имаш само 13 години и дека јас сум твоја мајка, изгледа дека ти треба една мала лекција за самостојноста. Бидејќи во лице ми кажа дека сега сам зарботуваш, мислам дека сега полесно ќе ти биде да ги откупиш сите тие работи кои ти ги купив во минатото. Ако ги сакаш своите ламби и пристап на интернет, ќе мора да носиш дел од трошоците:

Кирија: 430 долари

Маркетинг

Струја: 116 долари

Интернет: 20 долари

Храна: 150 долари

Уште ќе треба да го фрлаш ѓубрето во понеделник, среда и петок, како и да ја чистиш куќата. Еднаш неделно ќе го чистиш купатилото, ќе си подготвуваш храна и ќе го чистиш нередот зад себе. Ако не успееш, ќе ти ги наплатам услугите во износ од 30 долари за секој ден кога јас ќе морам да го правам тоа наместо тебе. Ако одлучиш пак да бидеш мое дете, а не мој возрасен и самостоен цимер, тогаш можеме да преговараме за условите.

Те сака мама.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button